Онлајн содржината ќе се плаќа, одлучи NewYorkTimes

во Свет

New York Times го предводи походот на големите медиуми да наплаќаат претплата за своите изданија, чија содржина до сега беше бесплатна. Иако се работи за американски весник за кој не верувам дека сите сме редовни читатели, сепак, доколку се покаже успешен нивниот модел, прашање на време е кога ќе следат и други медиуми, па можеби и македонските? Веќе подолго време се размислува за каков модел на плаќање да се воведе. Пример, дали да се наплаќа само ексклузивната содржина како интервјуа, фотографии, поголеми статии… додека јавните информации т.е локалните и обичните вести да си останат бесплатни? Интересно тој проблем како и за што да се наплаќа се уште останува проблем.

New York Times не најави детали за плаќањето, но најави само дека почнувајќи од 2011 година „ќе се наплаќа на најредовните читатели на нашиот веб сајт“. Читателите ќе имаат пристап до одредена бесплатна содржина секој месец. Моделот на њу јоркшкиот весник можеби и не е толко лош овозможувајќи им на „нередовните“ читатели да имаат бесплатен пристап преку агрегаторите за вести. Но, проблемот е дали редовните ќе го променат весникот со цел да не плаќаат? Исто така се работи за онлајн издание, поверојатно дека редовните читатели би купиле весник од најблиската трафика, наместо да плаќаат за онлајн издание.

Новиот модел на New York Times ќе стартува за една година во 2011. Тоа може да значи една година да се предомислат или една година за другите да следат.

Но, иако моделот на весникот е интересен за медиумите, сепак да не ги заборавиме и читатели од кои се зависи. Прашањето е едноставно – Дали би платиле за онлајн весник?

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments