Сопственици на Android таблети радувајте се! Hearthstone, популарната игра со карти на Blizzard, сега е достапна и за Android таблет компјутери. Но, за да играте Hearthstone ќе ви е потребен таблет компјутер со Android 4.0, и кои имаат екран поголем од 6-инчи, иако дел од корисниците веќе успеаа да ја играат и на своите телефони.
Со Android верзијата Blizzard очекува дека ќе привлече уште корисници, на веќе 20-те милиони гејмери од целиот свет. Hearthstone за Android доаѓа со последната експанзија на играта Gnomes and Goblins, а играта по првичната достапност во Австралија, Канада и Нов Зеланд сега е достапна во целиот свет. Првите впечатоци за Hearthstone за Android, ако судиме по коментарите на корисниците се поделени, се од пофалби до жалби дека играта е премногу бавна на нивните уреди.
Доколку немате трпение да дочекате верзија на играта за паметен телефон на Reddit веќе има детален водич како да ја играте играта на уреди со помали екрани.
[youtube]jyVIsEgk68Q[/youtube]







