Македонската асоцијација за развивање игри (МАГДА) продолжува со своите активности ова лето. Во соработка со CrazyLabs и British Council организираат 48-часовен маратон за развој на видеоигри. Хакатонот MAGDA 1UP Hyper Jam се одржува на 18-ти и 19-ти јуни, и по подолго време ќе имаме хакатон кој се одржува во живо.
Сите кои веќе учествувале на хакатон, веројатно ја знаат процедурата. На 18-ти јуни доаѓаат со свој компјутер, лаптоп и сета опрема која им е потребна. На овој настан учесниците ќе можат да одберат од две прилично широки теми, Hyper Casual Simulation или Hyper Casual Puzzle. Потоа седнуваат и во следните два дена прават основен прототип на играта. На крај за најдобрите тимови има и награди од 500, 400 или 300 евра, и поважно, можност за договор со CrazyLabs за прототипирање и тестирање на играта како и пристап до нивниот CLIK дашборд
Сè останато што може да им е потребно на учесниците, на пример, храна, сокови, чаеви, кафиња и грицки, ментори, енергетски напитоци и овошје, ќе биде обезбедено од МАГДА. Тие само ќе треба во овие 48 часа да бидат максимално креативни и продуктивни.
Ако сте малку збунети од темите, од МАГДА споделија неколку примери за типот на игри.
Hyper Casual Puzzle игри! (примери: , , , )
Hyper Casual Simulation игри! (примери: , , , , https://bit.ly/3xlnJ3u, https://bit.ly/3aGaN0g…
Покрај хакатонот, посетителите ќе можат да го погледнат предавањето на Наум Михајловски од Furious Avocado кои се креатори на неколку супер-популарни Hyper-Casual хитови.
Настанот се одржува во новите канцеларии на CrazyLabs.
TL;DR
Овој викенд на 18-ти и 19-ти јуни се одржува гејминг хакатон организиран од МАГДА, British Council и CrazyLabs. Учеството е бесплатно и може да се пријавите ТУКА!
Настанот по подолго време се одржува во живо. Локацијата на која ќе се одржи се новите канцеларии на CrazyLabs. За најдобрите има и награди…