0 коментари 2 мин. читање 17 декември, 2014

TEDx: Прекрасните и застрашувачки последици од компјутерите кои учат

Артур Самуел, Watson, автономни возила, алгоритмите на Amazon, универзален преведувач на Microsoft… сите се дел од TEDx говорот на компјутерскиот научник Џереми Хауард кој предупреди за „Прекрасните и застрашувачки последици од компјутерите кои учат“.

„Сè уште не сме блиску до перформанси, но блиску сме. На тестовите едн од четири испитаници го претпочитаат текстот генериран од комјутерите. Овој систем е стар само две недели, доколку продолжи овој тренд, најверојатно за една година компјутерот ќе ги надмине човечките перформанси“, вели Џереми Хауард за алгоритам за препознавање на слики.

Засега компјутерите учат со помош на „читање“, но веќе има ветувачки технологии со кои компјутерите ќе можат да учат со слух и вид. Машините имаат ветувачки резултати и во медицината, неодамна компјутер стигна до сознание дека клетките околу канцерогените се еднакво важни при предвидување на резултатите колку и канцерогените, нешто што научниците со години го отфрлаа. За ова, но и многу повеќе интересни податоци погледнете го говорот на Џереми Хауард од TEDx-Брисел.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top