Global Game Jam Македонија 11-то издание

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг, ИТ.МК

Минатиот викенд во Македонија се одржа 11-тото издание на хакатонот за креирање на видеоигри Global Game Jam Македонија. „Традиционално“ Global Game Jam е во организација на Македонската асоцијација за развивање на игри – МАГДА, кои се одлични домаќини секоја година.

Настанот се одржа на локации во Скопје и Битола, а беа направени 20 видеоигри. Домаќин на креаторите во Скопје беше Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), а во Битола компанијата за развивање на видеоигри Kamai Media. Темата на Global Game Jam оваа година беше беше „Roots“ односно „Корени“.

Што е Global Game Jam

Global Game Jam е 48-часовен хакатон во кој учесниците креираат видеоигри на зададена тема. Првото издание на GGJ се одржа во 2009 година, на 53 локации со над 1650 учесници.

Целта на настанот е да им овозможи на сите кои сакаат да развиваат видеоигри место на кое може да научат, експериментираат и да креираат видеоигри. Секако учеството на настанот овозможува запознавање со други луѓе заинтересирани за развој на видеоигри, а со тоа се креира заедница.

Хакатонот има и награди, иако ова не е најважно. Најдобрите игри вообичаено ги одбира жири комисија. Оваа година жирито беше составено од експерти од Indium Play, CrazyLabs, Haselt, A1, SEDC и GG.mk.

Наградата за најдобра игра ја добија Multiply Games и нивната игра „Back To Your Roots“. Наградата „Д Девелопер” ја добри видеоиграта „Spread” на тимот CBT.

Back To Your Roots
Spread

Игра со најдобар цртеж и освојувач на наградата „Д Артист“ е „Land of Dust” креирана од Error 404.

Land of Dust

Најмлад учесник оваа година беше 12-годишниот Лука Плавевски дел од Cyberpunk Pilots of the Empire, тимот кој работеше на играта „Sudo Hack n Slash“. Лука ја доби наградата „Надежен девелопер“.

Дел од игрите креирани во Скопје се достапни за преземање на страницата на GGJ.

Sudo Hack n Slash

Global Game Jam во Битола оваа година имаше поинаков концепт. Учесниците можеа да изберат да работат според 3 претходно дефинирани патеки. Секој од тимовите имаше искустни гејм девелопери кои се дел од Kamai Media. Игрите креирани во Битола се достапни за преземање на официјалната страница на Global Game Jam.

Portraits од Solis
Bloodline од Vedu

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk