Stillfront Group го купи хрватскиот издавач на видеоигри Nanobit за повеќе од 148 милиони долари

0 коментари 2 мин. читање

Шведската компанија Stillfront Group ќе оддели над 148 милиони долари за хрватскиот издавач на видеоигри Nanobit. Nanobit е еден од водечките издавачи на видеоигри за игри за мобилни во регионот. Покрај издавањето компанијата развива и сопствени видеоигри.

Студиото досега има издадено 29 наслови; 10 апликации и 19 видеоигри. Компанијата се фокусира на RPG видеоигри со фокус на жените гејмери, вели Digital Spoiler. Апликациите и видеоигрите на Nanobit имаат над 145 милиони преземања.

Nanobit е основан од Алан Сумина и Зоран Вучиниќ. Во првата трансакција основачите ќе добијат 70 милиони долари во кеш и 30 милиони долари во акции. Со ова Stillfront Group ќе добије удел од 78 отсто во хрватскиот девелопер. По ова во 2021 и 2022 ќе ги купат и преостанатите акции од компанијата.

„Индустријата за мобилни игри брзо расте и станува глобална. Ако сакаме да останеме број 1, мора да одиме напред. Со влегувањето во групата Stillfront, Nanobit добива дополнителен двигател, што ќе ни овозможи понатаму да растеме и развиваме нови амбициозни планови и проекти. Како дел од Stillfront со нетрпение очекуваме да соработуваме со други успешни студија. Ова дополнително ќе го забрза растот на Nanobit и на Stillfront Group, a нашите вработени ќе имаат можност да соработуваат со светските пионери“, велат Алан Сумина и Зоран Вучиниќ.

Stillfront е водечка компанија за бесплатни видеоигри за мобилни уреди. Во нивна сопственост се 14 студија кои работат на различни наслови.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед