0 коментари 1 мин. читање

Facebook автоматски ќе ви ги подобрува фотографиите

Facebook започна автоматски да ги подобрува корисничките фотографиите кои се споделени преку iOS апликацијата, јави Techcrunch. Одлуката за интензитетот на филтрите ќе биде во раце на корисниците, а може да се нагодат: светлината, јасноста, сенките или да ја објавите оригиналната фотографија.

„Разубавувањето“ на фотографиите на Facebook пристига со една година задоцнување зад Google+ каде оваа функционалност е додадена од поодамна. Претходно корисниците можеа да додадат филтри на своите Facebook фотографии, без притоа да знаат како ќе изгледа фотографијата или можност за нагодување на интензитетот на филтерот.

Можноста за додерување на фотографиите првично е достапна на iOS, но наскоро ќе биде достапна и на Android корисниците, па и тие ќе можат да си ги уредат фотографиите пред објавувањето.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top