Ansa е апликација за размена на пораки кои подоцна може да бидат уништени

Ansa е една од апликациите слични на WhatsApp и Viber, но разликата е во тоа што со помош на Ansa можете да пишувате „off the record“. Откако ќе го притиснете копчето за таков вид на комуникација, личноста со која разговарате ќе добие известување за акцијата и сите следни пораки ќе бидат автоматски избришани за 60 секунди од времето кога се испратени.

Исто така, пораките можете да ги избришете и после нивното испраќање, без разлика кога истите сте ги напишале. А со самото бришење на пораката од ваша страна, истата ќе ја снема и од телефонот на личноста со која разговарате. Ansa е апликација која ве става вас како контролор на вашите разговори, а пораките ги брише и од своите сервери.

Дополнително, преку апликацијата можете да споделувате фотографии и видеа, а истата содржи и филтри за разубавување на вашите фотографии. Без напуштање на апликацијата можете да пребарувате на Google и линковите да ги испратите директно во разговорот.

Ansa е бесплатна апликација и е достапна за iOS и Android.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk