Мајкл Моритз: „Фабриките со податоци“ ќе бидат следната Индустриска револуција

Во текот на завчерашниот ден во Сан Франциско се одржа TechCrunch Disrupt, настан на кој беа претставени нови компании и идеи, а се водеше и дискусија помеѓу разни основачи на компании, инвеститори и говорници кои зборуваа за проблемите со кои се соочува новата економија. Еден од говорниците беше и Мајкл Моритз, инвеститор во Sequoia Capital, кој зборуваше за последната технолошка револуција.

Компјутерската моќ, апликациите, уредите и цената за сервисите, како и сервиси за складирање на податоци очекуваат драматично зголемување што не е видено од времето на индустриската револуција. Сето тоа, г. Моритз го има спакувано во „фабриката со податоци“. Зборувајќи за компаниите како Google, YouTube, Amazon, LinkedIn и др., Моритз изјави „Главната категорија на овие компании се тие податочни фабрики – вистински глобални податочни фабрики.“

Податочните фабрики не само што развиваат алатки достапни за сите, истото го прават за бесплатно или во некои случаи доста евтино.  Повеќе од 20 милиони луѓе во САД се самовработени, додека 30 проценти од Американците работат сами со помош на дигиталните алатки и сервиси. Секако, во центарот на револуцијата на податочните фабрики се големите компании како Google, Apple, Facebook, Twitter и останатите кои имаат стотици милиони корисници.

Сите овие фабрики се рефлектираат со мелниците и со производителите на автомобили кои броеле само неколку вработени, додека останатите само придонесувале кон компанијата. Како таков пример, денес, може да се искористи LinkedIn и своите создавачи на содржина кои не се платени, освен тоа што добиваат некаков статус. Исто како и во Индустриската револуција, така и сега, некои ќе профитираат, некои ќе страдаат, потенцира г. Моритз.

„Живтот е многу тежок… доколку сте сиромашни или сте во средната класа. Потребно ви е да имате многу добро образование за да работите за овие компании“, вели тој. „Доколку не си како нас, тоа е тешко. Минималната плата е брутална“.

Сепак, бенефит од оваа револуција ќе имаат сите луѓе и компании, не само тие што се во САД. Податочни фабрики експлодираат насекаде во светот, а како најзабележителна е Кина со компаниите Alibaba, Tencent и Baidu. „Денес, повеќе од половина од најважните Интернет компании не се во САД. Никогаш не било случај на толку голема, нагла промена во природата на работата на човекот“, завршува г. Моритз.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments