Откако помина првичното воодушевување, се чини дека Apple наиде на поголем број на проблеми со новите телефони iPhone 5S и 5C отколку што очекуваше. По објавувањето на спецификациите и цената на телефоните, финансиските пазари останаа неимпресионирани, што доведе до пад од 5 отсто на акциите на Apple, јавува Guardian.
Првичната загриженост е пред сè поради високите цени на уредите, на пример iPhone 5C кој е најавен како економичен избор чини 550 US долари без договор, што сепак останува далеку од примамлива цена за пазарите во развој. Можеби уште поважно телефонот изгледа осуден на неуспех на кинескиот пазар за каде и воглавно е наменет, а телефонот во Кина ќе чини дури 733 US долари.
Покрај високата цена аналитичарите предупредуваат за можностите од нарушување на приватноста. Според експертите опасноста доаѓа од новиот М7-чип кој компанијата го вгради за собирање и анализирање на податоците од сите сензори со кој е опремен новиот iPhone, процесорот треба да го одмени A7 со што ќе се продолжи траењето на батеријата.
Сепак М7-процесорот постојано ги собира овие локациски податоци, кои пред сè треба да овозможат поточни податоци за рекреативните (спортски) апликации, иако за жал ова истовремено може да значи и зголемување на податоците до кои може да стигнат владините агенции како NSA. Корисниците можат да ги исклучат локациските услуги, но останува нејасно дали е можно да се исклучат процесите на M7-процесорот кои го следат движењето, констатира Gizmodo.
Проблемот е поголем и поради присуството на читачот на отпечатоци со кој се отклучува телефонот. Apple тврди дека отпечатоците се енкриптирани и се чуваат единствено на A7-процесорот на телефонот, но германскиот дневен весник Spiegel предупредува дека лесно може да се случи отпечатоците на корисниците да го пронајдат патот до NSA.
Сепак за да дознаеме дали предупредувањата се основани секако ќе покаже времето, засега го очекуваме 20 септември за кога се најавени двата нови iPhone телефони.








