Нема ништо попријатно од туширање со топла вода. Следствено на тоа, нема нешто понепријатно од туширање со ладна вода. Арно ама, ако може да и се верува на iOS апликацијата, Cryo, има бројни здраствени предности од туширање со студена вода, предности како намалување на стресот, но и намалување на телесната тежина.
Cryo апликацијата е едноставна во нејзината намена и се состои во два дела. Едниот дел е правилно да ве едуцира и да ви објасни зошто можеби и не е лошо да почнете да се туширате со постудена вода. Потоа, да ве научи како да се туширате. Имено, никако не се препорачува да го изложите вашето тело на ваков температурен шок од еднаш и со преголем интензитет.

Преку инструкции, апликацијата ќе ви каже колку да биде студената вода и колку да трае целата сесија. Како поминува времето, така должината на сесијата се зголемува, но се почнува по малку и внимателно. Со оглед на тоа дека туширање телефони со каква било вода никако не е здраво за нив, можете да управувате со тајмерот од апликацијата користејќи го вашиот глас.
Инаку, доколку сте внимателни, ова се само дел од предностите за туширање со студена вода:
- Засилување на имунолошкиот систем
- Подобрување на циркулацијата
- Намалување на депресијата
- Детоксикација
- Забрзано заздравување на повреди од вежбање
- Намалување на хронични болки
- Јакнење на косата
- Подобрување на функцијата на бубрезите
- Наламување отоци
- Допринесување до поздрава кожа
- Регулирање на нивоата на одредени киселини во телото
- Подобро спиење
- Многу повеќе!
Можеби непријатно, но исклучително добро за нас. Пробајте ја апликацијата и кажете ни што мислите за неа, Дали искусивте дел од предностите кои доаѓаат со туширањето со ладна вода? Не заборавајте да сте особено внимателни и направете претходна консултација со лекар пред да почнете да си замислувате дека сте Супермен. :)
ИТ МК не само што е најдобар – туку и се грижи за вашето здравје (неиронично) .
Како ? Па преку апликација – разбира се.
(напомена користете само ватер-пруф мобилен )