Хардвер од оваа недела Pixel 8, Raspberry Pi 5, Galaxy Smart Tag2…

во Хардвер

Периодов е супер богат со нов хардвер. Оваа недела тоа е најмногу благодарение на Google и презентациите на Pixel уредите, нo имаше уште куп други интересни презентации од новиот Raspberry Pi до Galaxy Smart Tag 2.

Pixel 8 и Pixel 8 Pro најдобри Android телефони

На презентацијата на новите Pixel телефони Google објави дека отсега Pixel телефоните ќе имаат 7 годишна софтверска поддршка. Ова се однесува на оперативниот систем и на безбедносните надградби. Со оглед на тоа дека најголем дел од „flagship“ паметните телефони доаѓаат со горе-доле сличен хардвер, брзината со која производителот ги издава надградбите, и 7 години надградби се доволни да го прогласиме телефонот за најдобар кога Android оперативниот систем е во прашање.

Покрај подолгиот период на поддршка, фокусот на презентацијата, но и на надградбите е на вештачката интелигенција. Ова важи и за камерата, но и за куп интересни функционалности кои ги овозможува телефонот. Во центар на овие функционалност е новиот Tensor G3 процесор кој овозможува сите пресметки да се прават директно на телефонот.

Димензиите на екранот се 6,2-инчи на Pixel 8 и 6,7-инчи кај Pixel 8 Pro моделот. Иако ова се димензии на дисплејот, делот кој се користи за слика е нешто помал. Дисплејот на помалиот модел е OLED, со резолуција 1080х2400 пиксели и рефреш од 120Hz. Поголемиот модел доаѓа со LTPO OLED дисплеј со резолуција 1344х2992 пиксели и резолуција од 120Hz. Она што е и поимпресивно е максималното осветлување на екранот од 2400 нити, што е повеќе и од iPhone 15 Pro. Рефрешот на двата дисплеи е динамички и се менува со чекор од 1Hz.

Најголем дел од функционалностите со вештачка интелигенција беа претставени кај камерата. Пред да стигнеме до камерата, Google всушност претстави и функционалности и за аудиото, кои овозможуваат да се исчисти различен шум од звукот и да се „фокусира“ единствено на она што корисникот сака да го слушне или сними.

Покрај димензиите она што прави значителна разлика помеѓу двата модели на телефоните е камерата или поточно модулот на камерата. Pixel 8 доаѓа со 50 MP главна камера и 12MP широко-објективна камера. Кај 8 Pro моделот има троен сензор: 50MP стандардна (wide) камера; 48MP теле-фото; и 48 ултра широко-објективна.

Квалитетот на сликите кај Pixel телефоните веќе од поодамна доаѓа од вештачката интелигенција, а така е и сега. Сепак она што компанијата го претстави овојпат се повеќе интересни функционалности кои може да се прават по фотографирањето. На пример отстранување на постоечки делови од фотографијата, поместување на објекти низ фотографијата, па дури и замена на лицата на фотографиите.

Вештачката интелигенција не завршува тука. Google додаде можност за креирање на кратко резиме од веб-страниците со сумарна информација за она што е прикажано, и што може да се прочита на страниците.

Лоша вест е дела телефоните сега се 100 долари поскапи. Pixel 8 чини 700, a Pro моделот 1000 долари. Сепак компанијата сега нуди 4 години подолг период за надградба на оперативниот систем и дополнителни 2 години за безбедносни надградби, што не е занемарливо.

Amazon ќе се натпреварува со Starlink

Ако условите за полетување бидат поволни, на 6 октомври Amazon ќе ги лансира своите први демо сателити KuiperSat-1 и KuiperSat-2. Сателитите се први од мрежата над 3200 сателити кои треба да обезбедат сателитски интернет во иднина, велат во соопштението од Amazon. Со ова ќе започне конкуренцијата помеѓу Project Kuiper и Starlink на SpaceX.

Официјално, намерата на Project Kuiper е да обезбеди брз и евтин интернет пристап во регионите каде не е достапен. Сателитите на Amazon ќе бидат во орбита на висина од 500 километри, а компанијата во прво време ќе ја тестира комуникацијата помеѓу сателитите, станиците на земјата и корисничките терминали.

Amazon е во трка со времето. Лиценцата која ја има компанијата од FCC предвидува половина од сателитите да бидат лансирани до јули 2026 година.

Планот за компанијата на Безос е да ги опслужи своите први клиенти на Project Kuiper до крајот на 2024 година. Лансирањето на сите сателити треба да заврши до 2029 година.

Што се однесува до сателитскиот интернет Starlink има значителна предност, иако Amazon има договори со Vodafone, и очекувана соработка со Blue Origin.

Следната недела започнува продажбата на Galaxy SmartTag 2

Galaxy SmartTag 2 е нов уред со кој Samsung повторно ќе се претстави на пазарот на паметни уреди за следење.

Изгледот на SmartTag 2 е едноставен и елегантен. Сензорот е скриен во елипсовидно тело со кругче во средината кое овозможува лесно прикачување на ташни или клучеви на пример.

Како и првата верзија на уредот и новиот овозможува следење и лесно пронаоѓање на предметите за кои е закачен тагот. За разлика од првата верзија која за следење можеше да користи Bluetooth, UWB или комбинација од двете, новиот модел поддржува Bluetooth и UWB. Во телото има простор за значително поголема батерија која сега трае 700 дена.

Galaxy SmartTag 2 е со заштита IP67 што значи дека е отпорен на навлегување на прашина и може да издржи да биде потопен во вода 30 минути на длабочина до 1 метар.

Најголем недостаток на уредот е што за негово користење мора да се користи и Samsung телефон.

Со iOS 17 може да го користите iPhone 15 Pro како греалка

Еве една добра вест за зимските месеци. Благодарение на баг во iOS 17, iPhone 15 Pro се прегрева. Apple веќе работи на отстранување на проблемот, но додека да се реши барем ќе може да се стоплите.

Првично дел од сопствениците сметаа дека проблемот е предизвикан од титаниумската рамка или алуминиумската арматура. Сепак Apple го пронајде проблемот и откри дека станува збор за баг во оперативниот систем.

Покрај оперативниот систем причина за прегревањето се и апликации како Instagram, Asphalt 9 и Uber кој го преоптоваруваат A17 чипот, па телефонот се прегрева. Во видеото на Фарук Коркмаз може да погледнете како неговиот телефон за неколку минути по отворањето на Instagram се загрева над 36 степени целзиусови.

Raspberry Pi 5 конечно

По пауза од 4 години конечно излезе нов модел на Raspberry Pi. Новиот модел на микро-компјутерот Raspberry Pi 5 доаѓа со повеќе надградби и ќе чини 60 долари. Она што веројатно е најинтересно е дека ова е прв уред кој доаѓа со компонента изработена од производителот.

Raspberry Pi 5 доаѓа со 64-битен четири-јадрен Arm Cortex-A76 процесор на 2.4GHz и графички процесор 800MHz VideoCore VII. RP1 Southbridge компонентата е изработена од производителот и ова е прв елемент на мини-компјутерот кој го изработуваат во фондацијата.

Уредот доаѓа со четири-линиски 1.5Gbps MIPI трансивер на кој може да се приклучат две камери или дисплеј. За прв пат има PCI Express 2.0 интерфејс.

На новиот мини-компјутер има простор за дуал 4Кр60 HDMI излез со HDR поддршка, microSD слот, 2 USB 2.0 порти, gigabit ethernet и 5V DC напојување преку USB-C приклучок.

Што се однесува до цената, основниот модел со 4GB RAM чини 60 долари; а моделот со 8GB RAM доаѓа за 80 долари. Еден од недостатоците е поголемото загревање, па за новиот модел можеби ќе биде неопходно и ладење.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk