1 коментар 2 мин. читање 15 октомври, 2021

Идентификувајте различни билки така што ќе ги фотографирате со LeafSnap

LeafSnap е апликација за Android и iOS која ќе биде особено ценета од љубители на најразлични билки и цвеќиња, кои не се баш експерти на оваа поле. Па така, секојпат кога ќе видите некоја билка можете да ја фотографирате и инстантно да дознаете како се вика, на латински или „народски“, на кое семејство од билки припаѓа и ред други информации. Покрај директно фотографирање на заинтересираното нешто, можете и да вметнете некоја фотографија што веќе ја имате во телефонот.

За да стапи на сила препознавањето, треба за фотографијата да одберете дали се работи за лист, свет, овошје, или кора од дрво. За да открие податоци поврзани со сликаното, апликацијата LeafSnap прави компарација со слични фотографии од други корисници. Се случува апликацијата да не знае да препознае одредена билка и, во такви ситуации, ви дава предлози што би можело да биде, во форма на слични фотографии.

Она што нам најмногу нѝ се допадна е и можноста секоја билка да си ја вметнете во ваша колекција и да водите евиденција за тоа дали е наводнувана, ротирана, и слично.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top