6.5 милиони денари чини целосно надградување на еден лик во Diablo Immortal

Diablo Immortal се најде на нашата листа од игри кои ќе излезат во јуни. Но, играта се најде и на многу други листи, неисклучувајќи ја и листата со бројни микротрансакции кои и тоа како знаат да го исцицаат паричникот. Според неколку направени проценки, потребно е 110 000 долари или добри 6.5 милиони денари доколку сакате целосно да опремите, односна надградите некој лик во најновата игра на Blizzard.

Од технички и гејмплеј аспект, Diablo Immortal навистина не е лоша игра и се одликува со забавни гејмплеј механики, одлична звучна и музичка поддршка како и ок приказна. Независно од тоа дали ја играте играта на телефон или компјутер, можете да поминете низ скоро сите содржини без да потрошите вистински пари. Но, искушението е секогаш тука, ве зграпчува за рацете и ви вреска во лице, првин со трансакции во висина од 1 евро, потоа со сезонска пропусница од 5, односно 15 евра, и, на крај, со бројни механики кои допринесуваат до значително подобар плен и, токму така, поголема ефикасност на вашиот лик.

Diablo Immortal Gameplay Trailer - YouTube

Ова предизвика лавина од незадоволство помеѓу гејмерската популација која, оправдано, е загрижена за економијата и начинот на кој ова ќе дојде до израз во доцните стадиуми на играта. Како еден начин на искажување на нивното незадоволство, доволно е само да ја посетите Metacritic страницата на играта, која, парадоксално, има 79 поени од критичарите, но 0.6 оценка од гејмерите, што ја поставува Diablo Immortal како една од најлошите игри на Blizzard.

Какво е вашето мислење? Ја пробавте играта? Потрошивте некој денар?

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments