Многумина пријатно се сеќаваат на златното дома на флиперските игри, особено во осумдесетите и деведесетите години на минатиот век. Во случај да сакате да искусите дел од таквата носталгија, неодамна излезе Irem Collection Volume 1.
Image Fight и X-Multiply се одлични Shoot ‘Em Up!
Колекцијата е достапна и за PS4 и за PS5. Од времето кое го поминавме дружејќи се со нив, можеме слободно да потврдиме дека се работи за стабилен порт кој одлично се игра на големите екрани. Доколку сакате пукачки игри каде контролирате авиони и сеете масовна деструкција преку користење најразлични надградби и моќи, тогаш има пријатно да се изненадите од овие триесет годишни наслови.
Како игра од 1988 година, Image Fight нуди предизвикувачки гејмплеј, интересни надградби. Играта стана инстантен хит, но за вториот дел мораше да се чека цели четири години. Во 1992 година, Image Fight 2 понуди повеќе од истото, но и успева да вметне нешто што на времето се сметаше за револуционерна работа – меѓусеквенци со целосна гласовна поддршка.

Некаде помеѓу овие две игри, во 1989 година, се појави и X Multiply – интересна спин-оф алтернатива на Image Flight серијалот. Слично на серијалот од кој беше инспирирана, X Multiply понуди side-scrolling акција во целосно нова тема и, покрај предизвикувачки гејмплеј, на времето беше препознатлива по веродојстојни анимации кои земаат во предвид одредени физички закони.
Единствена забелешка упатуваме кон цената. Сметаме дека 25 долари е исклучително многу за три доста стари игри, независно од тоа колку биле револуционерни на времето. Проверете ја Irem Collection Volume 1 тука, а доколку барете уште ретро-инспирирано лудило, би сакале да ви препорачаме и VISCO Collection!







