0 коментари 2 мин. читање

Канцеларии од соништата и прославен 250 вработен – ⋮IWConnect наскоро во нов простор во Битола со јубилејна бројка на вработени

Уште само неколку денови до големото отворање на новите канцеларии во Битола на Македонската IT компанија ⋮IWConnect, која постои на пазарот од 2004 година. Големата експанзија, следена од желбата да инвестираат во својот роден крај, придонесе до реализирање на идејата на ⋮IWConnect – подготовка на нови канцеларии, во наменски проектиран простор според светски стандарди и со услови кои само една компанија од светски ранг би ги овозоможила за своите вработени. Големото отворање ќе биде на 8 јуни, 2022.

Покрај подготовките на новите канцеларии, како и крајните подготовки за големото отворање, ⋮IWConnect минатата недела го прослави и 250-иот вработен. Имено, четири нови членови на тимот ја заокружуваат оваа бројка. Интензивниот раст на ⋮IWConnect наметна и иновативна работна култура која стана атрактивна за многу нови апликации за работа, со желба да станат членови на тимот, со што ⋮IWConnect изгради свој личен карактер на организација кој е посакуван, а тоа е збир на вредности кои ја прават единствена.

Од денот на основањето во 2004 па сè до денес, ⋮IWConnect, е посветена на континуирано создавање на иновативни решенија и вредност за своите клиенти правејќи ги поконкурентни на пазарот. И покрај тоа што претходните две години беа крајно непредвидливи, тие донесоа голем број на промени и огромен раст за ⋮IWConnect, како што се релокација на канцеларијата во Скопје, и отворање на нови канцеларии во Битола подготвени по светски стандарди. 

Повеќе информации за ⋮IWConnect можете да најдете на www.iwconnect.com

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top