3 (+7) викенд гејминг предлози за впечатлива забава

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Уште една недела зад нас и уште еден викенд пред нас. Неделава ја искористивме да разговараме за бројните начини како да се ослободи демонот со Kill Knight, како да се навлезе во впечатлива приказна со Last Time I Saw You, но и топло ја препорачавме феноменалната Phoenix Springs.

Тука и таму, најдовме време да ја провериме Toy Tactics, а и да се опуштиме со Hidden in My Paradise. Оние кои не се по танцување и бараат побрутална алтернатива на Just Dance 2025, би можеле да ги проверат деструктивните потенцијали на Diplomacy is Not an Option или Simulakros!

Покрај сѐ ова, најдовме и време да поразговараме со Рики Хагет за неговата игра Wilmot Works it Out, како и да добиеме прониклив увид во креативните умови од Kraken Empire. И сега, како ова да не е доволно, спремни сме да ви препорачаме уште 3 интересни предлози! Одиме со првиот!

Assassin’s Creed Mirage излезе на Steam

По година дена, најновата игра со нашите омилени атентатори излезе и на Steam. Во чест на излегувањето на Steam, сите едиции на играта, како и додатоците се продаваат со 50% попуст, нудејќи добра можност да видите дали Ubisoft Bordeaux успеало да го врати серијалот на корените. Доколку не знаете, Assassin’s Creed Mirage беше првенствено планирана да излезе како експанзија за Valhala, но амбициозноста на проектот била толку голема да решиле да одат со самостојно издание.

Песната на атентаторот

Во Assassin’s Creed Mirage играте со харизматичниот Басим, обработувајќи ја приказната за неговото приклучување во The Hidden Ones. Преку целосна нова наративна авантура, ќе навлезете во Багдад од деветтиот век, со целосен фокус на паркор, прикрадување и тивко елиминирање непријатели. Assassin’s Creed Mirage ги заобиколува RPG механиките и адреналинските лични битки од трилогијата и е замислена повеќе да одговара за фановите на првите неколку игри.

За Assassin’s Creed Mirage нема дополнителни додатоци кои ја продолжуваат или се надоврзуваат на приказната. Оние DLC-а што ги има се од претежно козметичка вредности и се поврзани со нови скинови за Басим, за оружја, или пак ново изглед за животното за јавање.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Ubisoft Bordeaux
  • Издава: Ubisoft
  • Жанр: акција, авантура
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 17 октомври 2024

Rearview Mirror 

Во случај да сакате да навлезете во игра која целосно ги заобиколува напредните прикрадување и битки, би можеле да ја проверите играта Rearview Mirror, на развојното студио Cubus Games. Се работи за игра во која голем дел од настаните се случуваат во автомобил. Преку перспектива во прво лице, играчот навлегува во најразлични разговори со патниците и донесува значајни одлуки.

Раме за плакање

Играта и понатаму останува во раниот пристап на Steam, а развојното студио науморно го проширува овој визуелен роман, трудејќи се да го подобри интерфејст, да ја прошири приказната и да воведе пофлуидно искуство. За пофалба е неодамнешното надополнување кое излезе пред само недела дена. Со надополнувањето, авторите го прошируваат бројот на поглавја од три на дванаесет. Покрај ова, воведени се бројни нови ликови, подобрен е системот со донесување одлуки и понудени се повеќе краеви. Корисничкиот интерфејс е, исто така подобре, а музичката подлога – проширена со нови нумери.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: CUBUS GAMES SL
  • Издава: CUBUS GAMES SL
  • Жанр: визуелен роман
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 25 јануари 2024

Tiny House Simulator

Како трет предлог ви препорачуваме да го проверите демото за Tiny House Simulator. Играта на FarFromSky многу нѐ потсети на чедото на Focus Entertainment – Hotel Renovator, со една мала разлика- наместо уредување хотели, ќе можете да градите и уредувате мали куќи. Потоа, истите ќе можете да ги испорачате на адресата, возејќи автомобил низ светот.

Во Tiny House Simulator имате за задача да се искачите со вашата компанија на врвот. Како што напоменавме, се работи за огромен отворен свет низ кој се движите, откривате преубави места и доставувате скромни, но преубави живеалишта. Играта се одликува со богат систем за градење најразлични куќи, нешто што значително ќе се проширува и надградува низ времето. Иако е достапно демото, целата игра ќе излезе дури на 5 ноември.

Развојното студио планира да работи на играта половина година. За тоа време, покрај нови предмети и алатки за градење, авторите планираат да воведат најразлични мини игри низ светот, да воведат комплексна економија и, со малку среќа, и споредни квестови.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: FarFromSky
  • Издава: FarFromSky
  • Жанр: акција
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 9 октомври 2024

Што би играле од сево ова? Кажете ни во коментарите или на социјалните мрежи!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments