Рецензија: Diplomacy is Not an Option

Diplomacy is Not an Option е забавна стратегија на талентираното инди студио Door 407, претходно познато по (VR) играта URBO. Но, за разлика од првото чедо, Diplomacy is Not an Option ќе ви дозволи да навлезете во средновековен свет, да изградите импресивен град, да истренирате огромна армија, и потоа да гледате како се оди по ѓаволите. Со бранови и бранови од илјадници и илјадници напријатели, ќе навлезете во колосални битки против најразлични неуморни непријатели. Вашата задача е да уништите сѐ што е привлечено од вашите бели ѕидини. Немате избор, дипломатијата е првото нешто што се фрла од прозорецот.

Војна како единствена опција

Diplomacy is Not an Option почнува да се игра како и секоја друга стратегија во реално време. Почнувате со гратско собрание кое мора да го браните по секоја цена. Полека почнувате да се ширите околу гратското собрание така што градите куќи за зголемување на населението, но и колиби за собирање бобинки, ловење риби, сечење дрвја, и слично. Набргу доаѓате до првиот нов момент кој ја истакнува оваа игра од карактеристичните RTS. Порано или подоцна, луѓето околу вас ќе почнат да умираат. Ваша задача ќе биде да изградите гробишта и да вработите гробар кој ќе ги копа телата и ќе го спречува ширењето болести. Покрај задоволување на потребите за глад, од суштинска важност е и правилно справување со болестите, преку, пример, градење шатори за брза помош.

Покрај градење и управување со најразлични структури, ќе можете и да вршите бројни истражувања. Инвестирање ресурси во истражувањата ве наградува со одредени статистички предности, како 30% подобра издржливост на ѕидините и кулите, 10% побрзо поправање и градење структури, 25% побрзи напади на одредени единици, и слично. Ни се допадна како градењето и истражувањето се органски врзани и за да истражите одредени работи потребно е да имате направено одредени надградби, и обратно: некои структури не можете да ги изградите пред да ги направите соодветните надградби.

Порано или подоцна, непријателите ќе почнат да напаѓаат, во бранови и од најразлични правци, нешто што минималистички не потсети на tower defense игрите. Па така, доколку преживеете неколку бранови, ќе можете и да издвоите победа. Овие бранови никако не се за потценување и строго се препорачува осмислување солидни одбрамбени стратегии, незаборавајќи, притоа, на економските главоболки поврзани со собирањето ресурси, градење, тренирање и грижење за здравјето на вашето население. За среќа, имате најразлични воени структури кои ќе ви дозволат да присоберете импресивна сила од мечувалци, срелци, коњаници, и слично.

За подобра одбрана, ќе можете да градите ѕидини и кули од различен карактер. За да бидат заштитени од напади со ладни оружја, стрелците можете да ги поставувате во кулите и ѕидините. Паралелно со ова, ќе можете и да правите магија, како повикување мрачни витези кои ќе се борат одредено време на ваша страна. За повеќе магични можности, како деструктивни ласери и метеори кои, мора да признаеме, се визуелен празник за очи, ќе биде потребно да изградите обелиск.

Со неколку нивоа на тежина и со релаксирачки неколку почетни мисии, Diplomacy is Not an Option дава се од себе да ве правилно воведе во гејмплејот и да не ве заплаши со комплексните форми, кои доаѓаат подоцна. Така да, целта на првите мисии е да го полека градите, проширувате и надградувате замокот.

За брзо време, ќе забележите разиграно движење на селаните кои градат најразлични структури, ѕидини, капии и кули. Насекаде околу вас, замокот е опколен од непријателски сили и вашата секундарна задача е ефикасно и етапно да ги уништувате. Она што нема да успеете да елиминирата до четвртиот и последниот бран заеднички ќе ве нападне на крајот. Оваа динамика особено ни се допадна затоа што ни даваше нешто да работите во кој било момент.

Па така, додека чекавме да се соберат доволно ресурси, да се подигнат сите ѕидини и да се пополнат со тазе тренирани војници, нашата мала војска, потпомогната со повикувањето на мрачните витези, вршеше етапна чистка. Секое уништување на непријателската структура ни даваше посебен дијамант преку кој можевме дополнително да повикуваме мрачни витези или да користиме други моќи, кои, претпоставуваат бараат жртвување на драгоцената валута. Истражувањето на целата мапа се охрабрува и со рандомно расфрланите ресурси на сите страни.

Ни се допаѓа што во кој било момент можете да ја паузирате играта, да земете воздух и внимателно да размислите за вашите идни потези. Во одредени ситуации пронаоѓање на патот знае да биде предизвик и единиците да тапкаат во место додека константно се удираат во ѕидини, но таквото нешто не е често и по лесно се реориентираат по второ издавање наредби.

И тогаш почнува вистински хаос. Релаксираните мисии се заменуваат со константна трка со времето. Diplomacy is Not an Option може да сервира над 25 000 војници. Брановите немилосрдно напаѓаат од сите страни и со различни единици, принудувајќи ве да имате силни ѕидини, стратешки да поставувате кули и капии, да размислувате каде да ја наведете војската, како да ја заобиколите или пак што да повикувате мрачни моќи како ласери, метеори и слично. Diplomacy is Not an Option целосно сјае во овие моменти – кога сте опколени од илјадници и илјадници војници, кога мислите дека нема никакви шанси да го преживеете бранот, а сепак, некако, успевате!

Графиката е прекрасна, енџинот е одлично оптимизиран, нудејќи преубав шарен свет со преубави анимации и визуелни ефекти. Дополнителен плус се и бројните пријатни звуци и динамичната музичка подлога која се менува во зависност од итноста на ситуацијата во која се наоѓате. Некои би посакале да се фокусираат на порелаксирано искуство и соочување со значително помали бројки, или никакви. Но, како што и самиот наслов ви кажува, ова е игра во која дипломатијата не е валидна опција и се што можете е да уживате во несопирливиот хаос. А, каков само забавен хаос е тоа!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Door 407
  • ИздаваDoor 407
  • Жанр: стратегија
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 4 октомври 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk