Simulakros e интересна научно-фантастична roguelite

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Simulakros e акциска игра во која играте со еден од тројца уникатни ликови и, преку користење специјални оружја и способности, ќе пробате да ставите крај на стотици роботи и десетици босови во процедурално генерирани локации. Кратко, јасно и без непотребно комплицирање, Simulakros се труди и успева да понуди задоволителна забава во мали дози.

Масакр на роботи

Simulakros е забавна игра, благодарение на неколку фактори. Прво, графиката е преубава и користи напредно осветлување и визуелни ефекти. Оружјата имаат вистинска тежина и умф ефект кој е засилен од светкавите елементи при елиминирање непријатели. Секој пат кога ќе бидете удрени, времето привремено се успорува, давајќи ви време да се прилагодите на околината околу вас и соодветно да реагирате. Покрај лесни напади со ласерското оружје, ќе можете и да го полните ласерот за да зададете критички и значително подеструктивен удар, разлетувајќи мали парчиња од некогашните роботи на сите страни. Ни се допаѓа како непријателите се трудат да го избегнат нашиот ласер баш во последниот момент. Ова, меѓутоа, не им значи ништо кога ќе ја искористиме нашата специјално способност за таргетирање непријатели и исфрлување самоводечки проектили, или пак фрлање ласерска граната.

Во ситуации кога навистина ќе загусти, можеме привремено да го успориме времето и да нанесеме штета онаму каде што највеќе боли. Низ одредени места на мапата, ќе можете да активирате и дополнителни способности, како поголема штета при погодување чувствителни точки, посилни melee удари, подолго успорување на времето, побрзо полнење на самоводечките проектили, и слично. Можете и да ја зголемувате вашата сила, издржливост или пак брзина со која ги исфрлате проектилите. Има многу можности за формирање уникатни билдови, со што секој ран остава впечаток на поинтересен од претходниот. За уште поголем предизвик, имате листа од предизвици кои не се лесни за остварување, предизвици како комплетирање соба за минута, убивање бос за пет минути комплетирање цел ран за 20 минути, и слично.

Можете да играте со три ликови кои се уникатни по изглед, оружја и способности. Па така, за Sharpshooter-от ви кажавме дека има ласерска пушка и можност за полнење на ласерот, со главни способности како успорување на времето и исфрлање самоводечки проектили. Од друга страна, Barrage има SMG и пиштол, со можности за масовно оштетување преку удирање на земјата или пак создавање енергична топка. Како последна опција, го имате Rupture, неговата сачмарка и фрлач на гранати, заедно со можноста за магнетско влечење и телепортација.

Овие три уникатни ликови се како шлаг на тортата и дозволуваат уникатно градење билдови и впечатливи преигрувања, особено кога ќе го земете во предвид и собирањето искуствени поени и активирање корисни способности од привремен и траен карактер. Ни се допадна и тоа што при одредени преигрување ќе можете да навлезете во едни таканаречени мини предизвици каде треба да исполните некоја цел, како да направите комбо од 10. Доколку успеете во тоа, ќе бидете наградени со привремено статистичко зголемување на одреден способност.

Првиот лик го отклучувате веднаш. За останатите треба да се здраво испотите :)

Најголема забелешка упатуваме кон дизајнот на мапите – се е некако коцкасто, еднолично, празно и неинспиративно. Или ќе се најдете во премногу отворен простор или во серија од тесни ходници, пружајќи сѐ само не инспиративни начини за истражување и соочување со непријателите. За да бидат работите полоши, при некои преигрувања лесно можете да се изгубите и да талкате наоколу, не можејќи да се ориентирате ни преку вградениот систем за навигација кој, иронично, ве води низ ѕидини или решетки. Кога веќе сме ситни души, би кажале и дека тајно посакувавме да има подетална приказна, а не да е голем дел од играта сведена на чистокрвна акција. Надвод од ова, пријатно бевме изненадени од богатите можности на длабоките системи за правење билдови, како и на борбените механики кои пружаат флуидна акција. Не ни верувате? Пробајте го демото!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Sirio Games
  • ИздаваDear Villagers
  • Жанр: акција
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 9 октомври 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Тука и таму, најдовме време да ја провериме Toy Tactics, а и да се опуштиме со Hidden in My Paradise. Оние кои не се по танцување и бараат побрутална алтернатива на Just Dance 2025, би можеле да ги проверат деструктивните потенцијали на Diplomacy is Not an Option или Simulakros! […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk