Hidden in my Paradise е слатка игра со релаксирачки механики за барање скриени работи

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Преку глава ви е од насилство кое е пропратно во бројни акциски игри и барате да се опуштите со едноставна, но забавна шаренолика игра? Најновата инди игра на развојното студио Ogre Pixel би можела значително да ви се допадне, особено доколку сте и фанови на барање најразличнички скриени предмети.

Ситно, но динамитно!

Hidden in my Paradise е игра која се заснова на едноставен концепт: да истражувате детална мапа, да барате најразлични скриени работи и, на крај, да ги поместувате за да успеете да направите исти фотографии со нив како понудените. За секоја мапа на која гостувате, ќе добиете листа од предмети кои ќе треба да ги најдете. Штом застанете со стрелка врз некој предмет можете да кликнете на него и да ја намалите листата. Се што гледате на мапата, буквално секој елемент, можете да го земете, да го поместите и да го ставите на некое друго место, со што се создаваат интересни можности да, доколку умирате од досада, да пробате да ја редизајнирате целата мапа, или да најдете скиени самовили. :)

Како дополнителен плус, ќе можете да ја прилагодувате мапата во зависност од тоа дали е утро, попладне или ноќ (при што не се менува само дневното светло, туку и звуците. Покрај ова, имате на располагање и најразлични филтри, како црно-бел приказ на мапата, сепиа, и слично. Низ мапата ќе наидете и на вешто-сокриени ковчези кои ви даваат парички кои, подоцна, можете да ги користите за да купувате различни предмети со кои вие лично ќе можете да уредувате мапи преку sandbox режимот. Сите мапи и квестови што ќе ги направите преку овој левел едитор можете да ги споделувате со останатите членови од заедницата. Нормално, директно од играта ќе можете да видите и преземете стази од другите играчи.

Првично мислевме дека се работи за едноставна, детска игра. Зошто, тогаш, ни беше толку тешко да ги пронајдеме бараните работи ако е ова навистина едноставна детска игра? Бројните елементи низ мапата се разиграни и до тој степен го привлекуваат вниманиете да на моменти навистина делува како да имате проблем со фокусирање и пронаоѓање на предметите. Ова за нас беше неочекуван и исклучително забавен момент каде еден момент помисливме: „ух, ќе најдам сѐ за десет секунди“, само за да поминат десет минути, а ние уште да не успееме да најдеме сѐ. Секако, ако нешто не можете да најдете, можете да побарате помош, ама, не е тоа-тоа, толку сме барем паметни. :) Како додатни мисии, десно на екранот ќе ви се покажат неколку фотографии. За екстра поени и топло чувство на исполнетост, ќе можете да ги најдете и тие предмети, правилно да ги поставите како фотографијата и да ги сликате за да видите дали правилно сте ја рекреирале сцената.

Hidden in my Paradise е прекрасна и симпатична игра која крие пријатни изненадувања и релаксирачка длабочина. Ова никако не е игра за едно попладне. Ако сакате да барате скриени работи, да померате се живо и диво лево-десно и да правите и вие мапи со најразлични предмети, тогаш навистина би требало да ја го проверите чедото на Ogre Pixel!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Ogre Pixel
  • ИздаваOgre Pixel
  • Жанр: авантура
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 9 октомври 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] време да ја провериме Toy Tactics, а и да се опуштиме со Hidden in My Paradise. Оние кои не се по танцување и бараат побрутална […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk