Женските гејмерки сакаат игри дизајнирани од жени

во Свет, Софтвер

Над 40 отсто од германските гејмери кои играат онлајн игри се девојки, а над 33 отсто од гејмерите на онлајн игри се девојки и жени над 18 години. Затоа и се поголем број на студија за видео игри се почесто вработуваат жени дизајнери со цел да го откријат што е тоа што ги привлекува девојките.

Едно такво студио е германското студио Intenium кое е фокусирано на понежниот пол. Според нивните истражувања, најголемиот дел од гејмерките наместо пукање и тепање, претпочитаат  игри со флерт и производство. Покрај ова нивните податоци покажуваат дека девојките повеќе сакаат кооперативно наместо еден-против-еден играње. Intenium е неверојатно продуктивно студио кое просечно издава видео игра секој втор ден. Од деведесет вработени во компанијата во Хамбург и Калининград 18 се жени, а компанијата е речиси целосно посветена на жени-гејмери пазар кој во последниве години е во постојан пораст.

Во нивните игри пределите се идилични, облеката е светла, звуците се помалку груби, а темпото побавно отколку во „машка игра“. Играчите мора веднаш да сфатат за што се работи во играта. „Жените имаат тенденција да реагираат спонтано, доколку играта не им се допаѓа во првата минута тие ќе заминат.“,  објасни Ирина Гатсова, руска дизајнерка на видео игри, за World Crunch.

Идејата за повеќе жени во индустријата за видео-игри не е нова, но се чини дека компаниите се скептични да го променат рецептот кој добро функционира досега. Според разни податоци од разни западни држави, продажбата на видео игрите пораснала дури и во лоша економија. А за жал на жените, таа подобро продажба е достигната со „машки“ игри како Call of Duty или Fifa.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments