0 коментари 2 мин. читање 2 јануари, 2013

Sony престана да го произведува PlayStation 2

По 12 години и 150 милиони продадени уреди, Sony ќе престане да ја произведува популарната PlayStation 2 конзола, јавува BBC. Најавата од Sony се однесува да продавниците во Јапониja, а откако ќе се потрошат залихите, ќе биде и крајот на PlayStation 2 за островот. Засега е нејасно дали предупредувањето важи и за останатите региони, иако тешко е да се претпостави дека продажбата во САД и Европа ќе продолжи.

Конзолата излезе во времето кога Sony, имаа целосна доминација на пазарот, а популарноста ја докажа и во првите три години на PlayStation 3 кога сè уште ги надминуваше во продажбите следбеникот. PlayStation 2 успешно се споротивставуваше и на Nintendo: GameCube, Sega: DreamCast и Xbox.

Популарноста на конзолата предизвика дизајнерите за видео игри да издадат 11.000 игри за неа и продажба од над 1,5 милијарди продадени копии на видео игри. Најпродавана игра со 17,33 милиони продадени примероци е Grand Theft Auto: San Andreas, а во првите 10 се Gran Turismo, Metal Gear Solid и Final Fantasy „серијалите“.

Најавата за нова конзола PlayStation 4 се превидуваат за средината на 2013, што коинцидира и со E3 каде вообичаено се претставуваат конзолите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top