0 коментари 2 мин. читање 2 јануари, 2013

Windows 8 Store сега има 35.000 апликации

Во продавницата за Windows 8 се додаваат по 415 апликации секој ден, вели Neowin. Бројот на апликации сега изнесува 35.000, што е скоро три пати повеќе од 15-те илјади апликации кои ги имаше пред една година. Ако продавницата додава по 400+ апликации на ден, тогаш до февруари ќе има неверојатни 50.000 апликации. Но, ова се вкупниот број на апликации кои ги има во продавницата. Бројот на апликации кои се достапни во една земја е значително помал.

Eдно е сигурно, растот на продавницата нема да застане, туку ќе се забрза. Во моментов Windows 8 се користи само од 1,7 отсто од Windows корисниците, па со неговото проширување сигурно ќе се зголеми и популарноста на продаваницата, односно ќе има повеќе бесплатни и платени апликации.

Windows Store е првата продавница за апликации од Microsoft, која е стартувана да биде место за наоѓање софтвер за новата „осумка“ која сега е и за декстоп компјутери, и за таблет компјутери.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top