Отсега YouTube на почетната страна ќе ви прикажува видеа кои се популарни и гледани од македонските корисници, открива Славе Јовановски, кој веќе неколку години работи како технички водач на YouTube. За неговата работа и искуство може да прочитате во интервjуто што го направивме со Славе. Локализирањето значи дека отсега YouTube, кој знае од кој регион доаѓате преку IP адресата, ќе ви сугерира содржина која е популарна во регионот. Така наместо да гледате некое видео што е популарно во Америка, YouTube ќе ви сугерира популарни видеа кои се интересни и релеватни за македонската публика, пример, ќе ви сугерире видео од акција за МВР, или од трејлери на серии и филмови кои најмногу се прегледуваат во земјава. Доколку не ви се допаѓа локализацијата, може да ја смените земјата најдолу на страната на YouTube. (tnx до Дарко Булдиоски за линкот)
YouTube сега е локализиран за македонска содржина
Oд Виктор Дано









"..ќе ви сугерире видео од акција за МВР.."
LOL, не фала!