Twitter додаде интегрирано видео во фидот; наскоро и видео реклами

Twitter ја надгради својата видео платформа и веќе нуди можност за краток преглед на видеото за корисниците на Android и iOS паметни телефони. Услугата е наречена „in-line video“ е овозможена од новата платформа која сега овозможува споделување на кратки видеа во твитовите. Прва видеата ги сподели Американската професионална кошаркарска лига (NBA) споделувајќи видеа од натпреварот помеѓу New York Knicks и Indiana Pacers за време на натпреварот. Twitter најавува дека во иднина ќе им ја понуди услугата на уште 60 компании, кои ќе можат да ги вметнат своите видео реклами.

„Видеата ќе започнат да изгледаат како native искуства… Им олеснуваме на луѓето да го прават она што сакаат“, вели Кевин Вејл од Twitter.

Првите резултати покажуваат дека корисниците сега ги гледаат видеата дури три пати повеќе. Дополнително во Twitter очекуваат деа овој број дополнително ќе се зголеми кога корисниците ќе можат да го отвораат видеата со само еден клик. Без сомневање споделувањето на видео ќе го направи Twitter поинтересен, но видеата ќе бараат поголем сообраќај и простор, што ќе ја оптовари инфраструктурата на Twitter. Компанијата тврди дека е подговена на за вакви искуства, но неодамнешното „селфи“ од оскарите ја сруши микроблог платформата, потсетува New York Times.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments