1 коментар 2 мин. читање 21 март, 2014

Firefox 29 бета го најави редизајнираниот кориснички интерфејс Australis

Само два дена откако го издаде Firefox 28, Mozilla веќе започна да работи на следната верзија прелистувачот која има редизајниран кориснички интерфејс. Први новитети кои се најавени за Firefox 29 се новата алатка за синхронизација, можност за прилагодување и кориснички интерфејс. Синхронизацијата е достапна за сите четири верзии на прелистувачот, овозможува синхронизирање на сите уреди, а ќе овозможува корисниците на сите уреди да ги имаат лозинките, букмарковите, историјата и истите табови. Новата верзија ќе обезбедува поголема заштита пред се заштита од „man-in-the-middle“ напади, енкрипција од крај до крај и намалување на бројот на сервери кои се во допир со материјалот автентификација, а со тоа се намалува и површината за напад.

Прилагодувањето е олеснето со тоа што сега корисниците можат едноставно со drag & drop да додаваат нови функции, додатоци или алатки на прелистувачот, а тука е и нов панел во кој се наоѓаат сите контроли и дел за додадоци за Firefox. Firefox 29 доаѓа со редизајн на корисничкиот интерфејс Australis, кој е конечно подготвен, откако беше најавен уште со Firefox 25. Севкупните измени на прелистувачот може да ги погледнете тука.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Vlado
Vlado
12 years ago

Огнена црвена панда.

Мени
Заедница
Изглед
To top