Наспроти она што би можеле да го кажат TikTok фанатиците, YouTube и понатаму се истакнува како една од најчесто користените платформи за видео содржини. Доколку и вие секојдневно листате видеа преку платформата на Google, ова се четири начини кои ќе го направат вашиот престој поефикасен!
Секојпат кога гледате одредено видео, можете да добиете увид во целосната транскрипција, односно, она што до сега било кажано во видеото така што ќе кликнете на трите точки под видеото, па Show Transcript. Доколку сакате, можете и да пребарувате низ транскрипцијата.

Секојпат кога гледате нешто, можете без проблем да го забрзате или успорите видеото така што ќе кликнете на запчаникот под видеото, ќе изберете playback speed, па некоја од понудените вредности за забрзување или успорување.

Кога се работи за ефикасност, значително можете да бидете побрзи при управување со видеата во YouTube само кога би користеле кратенки. За среќа, имате еден куп кратенки кои можете да ги користите – за да видите кои се тие, кликнете на профилната слика, па изберете keyboard shortcuts.

И за крај, како што можеби забележавте од скриншотите, го гледаме YouTube во мрачен режим затоа што, според нас, е значително подобро за очите. Доколку сакате и вие да го вклучите режимот, кликнете на профилната слика од десниот горен агол, изберете Appearance, па Dark theme.