Facebook оваа недела објави дека стигна до бројката од 2 милијарди корисници. Сепак пазарот станува заситен, и доколку сака да продолжи да се шири, друштвената мрежа ќе мора да дојде до нови корисници. Најголемиот дел од новите корисници за жал се на места на кои нема пристап да квалитетен интернет. Ова е една од причините поради која Facebook, но и Google работат на алтернативни методи за обезбедување на Интернет во руралните региони.
Откако претходниот лет на дронот на Facebook, Aquilla заврши со пад на леталото, компанијата кончено има причини за задоволство. Вториот тест помина без никакви проблеми, а леталото имаше совршено слетување, вели Recode.
Совршеното слетување не е единствената надградба на леталото. Овој пат леталото се качуваше два пати побрзо од првиот пат, односно 55, метри во минута. Леташе на висина од 914 метри, претходната висина беше 655 метри. Ова е сè уште далеку од планираната оперативна висина, која е од 18 до 27 километри.
За разлика од Facebook кој едвај започнува со тестовите, Google веќе го имаше својот прв масовен тест. Флотата на Project Loon од пред неколку месеци помага со бежичен интернет во Перу. Со оглед на тоа дека двете најзаинтересирани компании за корисници, работат на своите технологии, иднината во која сите се поврзани изгледа пореална од било кога.







