0 коментари 1 мин. читање

Raspberry Pi добитник на британска награда за врвно инженерство

Креаторите на Raspberry Pi ја освоија најпрестижната инженерска награда во Велика Британија. Тимот е добитник на MacRobert наградата, која ја издава Royal Academy of Engineering, јави BBC.

Номинирани за наградата беа и компанијата за онлајн безбедност Darktrace и пионерите за радио-терапија, Vision RT. Сепак девелоперите на мини компјутерот ја победија конкуренцијата.

Raspberry Pi излезе во 2012 година како проект со кој требаше да се зголеми пристапот до технологија во училиштата. Целта беше да се направи микро-компјутер со минимална цена, достапен за сите, кој ќе помогне на помладите да научат да програмираат. Девелоперите се надеваа на неколку илјади продадени уреди, но бројката денес е 14 милиони! Дополнително, Raspberry Pi сега е своевидна платформа за која се креираат купишта модули.

Не само тоа. Се чини и дека со Raspberry Pi започна и интересот за мини компјутерите. Raspberry Pi издаде неколку верзии и надградби досега, но не се единствените мини компјутери.

„Сè уште на Raspberry Pi гледаме како на играчка. Само што е играчка која е многу добро направена“, Вели Ибен Аптон, извршен директор на Raspberry Pi.

Raspberry Pi е најпродаваниот британски компјутер во историјата.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top