Vimeo воведува Tip Jar и Pay-Per-View методи за заработка за креаторите на видеа

во Веб

Tip Jar и PPV (Pay-Per-View) се платежните модели со кои Vimeo ќе им овозможи на креаторите на видеа да заработат од своите дела, вели Блејк Витман во известувањето од Vimeo. Видео сервисот е популарен (~65 милиони месечни посети) бидејќи изобилува со високо-квалитетна содржина креирана од професионалци, уметници и ентузијасти, за разлика од YouTube (~800 мил посети), и ваквата соработка би требало да привлече уште оригинална содржина.

„Мислиме дека овие промени ќе предизвикат голем интерес и се надеваме дека голем број на луѓе ќе ги поддржат креаторите на видеа, и ќе ги мотивира уште повеќе да создаваат интересни видео материјали.“, вели Vimeo.

Првиот начин преку кој креаторите ќе може да заработуваат е Tip Jar, кој всушност им овозможува на гледачите откако ќе го изгледат видеото да извршат донација во висина од 0,99 до 500 долари. А вториот начин е да корисникот мора да плати за да го погледне видеото.

Tip Jar методот уште денес им е достапен на сите Vimeo Plus и Vimeo Pro членови и 85% од заработувачката ќе оди за креаторот на видеото, додека останатите 15 посто ќе бидат за компанијата. Pay-Per-View ќе биде достапно во бета од есен годинава, додека од 2013 година ќе им биде овозможено на сите Vimeo Pro претплатници. Плаќањето ќе може да се врши преку PayPal или директно преку кредитна картичка.

Introducing Vimeo Tip Jar and more Creator Services from Vimeo Staff on Vimeo.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments