Nokia вели дека HTC X8 е само „ребрендиран продукт“, Lumia 920 е подобар

во Мобилни

Nokia е посветена на Windows Phone 8 платформата и затоа нејзините телефони се подобри од сите други WP8 уреди. Ова е одговорот на главниот за маркетинг во финската компанија, Крис Вебер, на прашањето од Verge што мисли за новиот HTC X8 телефон.

Според г. Вебер, HTC и другите производители одбираат „тактичко ребрендирање на нивните производи“, додека Nokia Lumia уредите се ексклузивни за WP8 платформата. Со Lumia 920 и 820 кои ќе се појават во ноември, Nokia „креира вистинско искуство“.

Сепак Lumia 920, покрај PureView фотографирање, за кое Nokia се извини поради лажно рекламирање, и безжично полнење, не се разликува многу од другите уреди на пазарот, ребрендирани или не. За корисниците ќе биде важна платформата на која уредите работат. Ако WP8 не стане конкурентна платформа, тогаш целата „ексклузивна“ посветеност на Nokia ќе одите во вода, додека HTC лесно ќе претстави нов телефон на различна платформа зависно од трендовите.

Еве што вели г. Вебер на Twitter, хаш-тагот е навистина интересен.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk