0 коментари 2 мин. читање 27 октомври, 2021

Традицијата на IT4Charity продолжува

Македонските компании од ИТ секторот и оваа година продолжуваат со донации „спакувани“ во проектот „IT 4 Charity 2021“. Станува збор за иницијатива на повеќе компании од ИТ секторот за поддршка на СОС детско село.

Оваа година компаниите ја користат апликацијата Challenger. Апликацијата во септември претстави неколку функционалности за компаниите кои им овозможуваат да ги бројат изминатите „зелени“ километри. Моделот наменет за компаниите, е своевиден брендиран dashboard на кој се рангираат сите вработени според своите изминати зелени километри, а компанијата ги наградува најдобрите. Сега истата функционалност компаниите ја користат за иницијативата IT 4 Charity.

Досега иницијативата ја поддржале 14 компании. Нивните вработени поминале вкупно 39890 километри; 9189.49 километри на велосипед и 30709 километри пешки. За секој изминат километар пеш или на велосипед компаниите донираат средства. Компании досега ја поддржуваат IT 4 Charity се: Embed Social, Valtech, oneinside, Codeit, Symphony, Sopro, Slice, Netcetera, Kajgana Media, Intertec, inplayer, foxIT, Cognism и Allocate.

Сите компании кои се заинтересирани да ја поддржат иницијативата се добредојдени. Повеќе информации може да пронајдете на facebook-страницата на иницијативата или на страницата на СОС Детско село.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top