0 коментари 2 мин. читање 20 септември, 2012

Апликација на денот: Хрватската Daily Income е одлична алатка за следење на дневната заработувачка

Daily Income е iPhone апликација за следење на вашата дневна заработувачка, а изработена е од хрватската компанија Indigo Beta. Според објаснувањето, апликацијата е наменета за сите што имаат „примања на дневна база, како на пример што се фриленсерите, разни развивачи, Google огласи и сл.“.

Уште од самиот старт на истата, корисникот ќе добие краток туторијал за како се управува со неа, но тоа баш и не е потребно. Апликацијата е едносавна за користење и сè се постигнува со неколку тапкања по екран. Сè што треба да направите е да кликнете на „Add New Income“ и да ја внесете вредноста, додека датумот ќе биде автоматски генериран. Со неа ќе можете да ги следите вашите примања на дневно, месечно ниво или на година. Исто така, со помош на графикон можете да видите кога сте имале најмала и најголема заработувачка, или која ви е средната заработувачка. Финансискиот извештај можете да си го испратите како обичен мејл или во PDF формат.

Апликацијата е пуштена на пазарот од пред два месеци по цена од 1,99 долари, а веќе е преземена повеќе од 12.000 пати. Daily Income беше најпреземена апликација во Хрватска, во САД се најде на 36-то место, а во Велика Британија на 58.

Апликацијата можете да ја преземете од App Store, додека Android верзија за истата се очекува доколку Indigo Beta го прошири својот тим со развивач на Android апликации.

[youtube]K6JGq9ml7hY[/youtube]

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top