Упс, српските власти објавија лични податоци на 5 милиони граѓани

Лични податоци на 5 милиони граѓани на Србија кружат по друштвени мрежи. Станува збор за линк до база на податоци од 19 гигабајти на официјалната страна на Агенцијата за приватизација на Република Србија, објаснуваат од Share Defence, кои спроведуваат истражувања за човекови и граѓански права.

Податотеките содржат имиња и презимиња на корисниците, единствениот матичен број од кој можат да се дознаат датумот и местото на раѓање, пренесува Global Voices Online. Линковите се откриени на 8 декември, а отстранети се 4 дена подоцна, на 12 декември. Сосем е извесно дека податоците во овој период се преземани, но не постои начин да се дознае од кого и колку пати. Се отфрла можноста на хакерски напад, бидејќи како што велат од фондацијата Share, хакерите би дошле до многу помал број на информации.

„Oсвен директно користење на овие податоци, можна е злоупотреба и преку социјален инжинеринг. Понекогаш е доволно да се јавите во некоја компанија со која имате договор и само со име, презиме и единствениот матичен број да побарате други податоци или да откажете одредени услуги. Во погрешните раце, вакви податоци можат да доведат до масовно крадење на идентитет, и затоа властите мора да ги преземат сите мерки да не дојде до посериозни последици за граѓаните чии податоци се корумпирани“, велат од фондацијата.

За сега е нејасно и која е причината за протекување на овие податоци, односно дали станува збор за грешка или намерен пропуст. Случајот е под истрага на Канцеларијата на комесарот за информации од јавен карактер и заштита на лични податоци. Според Share, освен истрагата ќе мора да се отвори и дебата за колку и какви лични податоци собираат властите, и како се тие заштитени.

„Загрижувачки е што граѓаните во моментот не знаат кои се јавни институции ги собираат нивните податоци, кои податоци ги собират и обработуваат, и каде се чуваат тие податоци, на кој начин се заштитени, и кој тачно има пристап до нив и за кои цели (медиумите велат дека повеќе од 300.000 институции работат со личните податоци на граѓаните). Како, посебно во почетокот на 21-от век податоците се водат како економски ресурс, немање транспарентнот ја ограничува одговорноста на јавните институции и овозможува корупција, посебно во државните институции кои чуваат чуствителни и пазарно вредни податоци, или донесуваат одлуки за граѓанските права автоматски преку обработка на личните податоци“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments