0 коментари 1 мин. читање

Tomato Jump e прва апликација на македонското студио PlayMid

Tomato Jump е нова македонска видеоигра достапна на Android. Станува збор за прва видеоигра на македонското студио PlayMid од Kочани, но и прва нивна апликација на Google Play. Целта на играта е да го спасите кутриот домат од салатата, поточно да не стане дел од салатата. Играчите треба да го расчистуваат патот пред него, пред се од острите предмети како ножевите. Играта е едноставна, а можете да ја играте и со пријателите.

Но, ако може да дадеме мала критика е што графиката може да биде и подобра. Со оглед на тоа дека станува збор за прва игра на млади креатори, очекуваме подобрување во следните апликации. Сепак мора да се почне од нешто.

.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top