Smart Clean е феноменална екстензија за вашиот Chrome прелистувач и особено ја препорачуваме доколку сакате автоматски или инстантно да избришете еден куп чувствителни податоци како колачиња, историја на прелистување, привремено преземени слики за побрзо вчитување на страните кои ги посетувате, и многу друго, се со цел да се заштити вашата приватност, особено кога некој друг ќе седне пред вашиот прелистувач и ќе почне љубопитно да чепка онаму каде што не му е работа.
Покрај ова, лесно можете и да ги избришете сите претходно сочувани лозинки и преземени фајлови. Инстантното бришење го започнувате со Alt+C, а можете и да си наместите да се бришат одредени работи кои се насобрале во последниот час, ден, месец или од самиот почеток. Слично на ова, можете да наместите да се бришат работи во одредено време или при секое вклучување на прелистувачот. Нормално, можете да наместите ништо да не се брише ако е поврзано за одредени веб сајтови така што истите ги ставате на белата листа.
Како што напоменавме, Smart Clean е прелистувач за Chrome, но доколку сте фанови на Firefox, ви ја препорачуваме екстензијата ClearBrowsingData. Се работи за алатка која е доста слична на Chromium заснованата алтернатива.