Украдени се 24.000 Bitcoin-и во вредност од 250.000 долари од Bitfloor, една од најголемите берзи за виртуелната валута. Според основачот на Bitfloor, Роман Штилман, нападнатата берза е најголема во САД и четврта во светот.
Кражбата доаѓа поради човечка грешка, имено г.Штилман на форумот признава дека при неодамнешната надградба оставил дел неенкриптирани клучевина серверот, кои крадецот ги искористил. Освен ова, не е направена штета врз корисничките профили и според него тие се недопрени при нападот. По кражбата, Bitfloor се соочува со недостигот на вистински пари со кои треба да ги исплати средствата на корисниците, па бидејќи компанијата нема доволно пари, г.Штилман не ја исклучи можноста за прогласување на банкрот.
Што се Bitcoins?
Bitcoins се виртуелна валута која според првичната замисла корисниците треба да ја добиваат во замена за пресметковната моќ и потрошената електрична енергија на нивните компјутери. Тие не се централизирана валута, односно не зависат од банките, иако во реалноста многу повеќе се користат центри (менувачници на виртуелната валута). Доказ за поседување на виртуелната валута се приватни клучеви кој овозможуваат корисникот да ги префрла или користи „парите“. Во суштина Bitcoins се долги енкриптирани „стрингови“ на броеви и букви без смисла, кои можат да се користат само со приватен клуч.
[youtube]Um63OQz3bjo[/youtube]
Oвие виртуелни валути најчесто се користи од хактивистите, ентузијастите кои веруваат во децентрализирана валута, онлајн игри и организациите кои се блокирани од банките и останати институции за трансфер на пари. По блокадата од PayPal, Visa и MasterCard , Wikileaks се одржи во постоење единствено со донациите во оваа виртуелна валута, а донации во Bitcoins прифаќаше и хакерската група LulzSec.
Во дадениот случај со Bitfloor една од најголемите предности на валутата е искористена против неа. Со цел да ја заштитат приватноста на корисниците Bitcoin, не ги следат клучевите или трансакциите, па речиси и не постои начин за пронаоѓање на украдените пари.
И покрај тоа што заштитата на приватноста на корисниците е важна, се поставува прашање дали во овој случај лошите страни не ги надминуваат добрите. Изгледа дека Bitcoins, барем во моментов е одлична алатка за перење пари, како што откри американскиот претседателски кандидат Мит Ромни, вируелната валута може да се користи за уцена и изнудување на пари. Хакерите кои тврдат дека го имаат извештајот за данок на г. Ромни побараа откуп од 1 милион долари во Bitcoin-и.







