Amazon ќе претстави свој паметен телефон

0 коментари 1 мин. читање

После успехот со Kindle, од Amazon го најавуваат својот нов хардверски продукт. Како што пишува The Verge, денес од компанијата треба да го претстават и својот сопствен паметен телефон.

Според информациите, уредот сѐ уште не е целосно завршен, но најверојатно ќе работи на изменет Android 4.0 оперативен систем каков што би требало да има и новиот Kindle Fire. Исто така, големи се и шансите уредот да користи Nokia Maps, бидејќи веќе од Nokia имаат најавено дека некој од големите партнери ќе ги користи токму нив.

Повеќе информации сѐ уште нема достапно и сигурно би вредело да ја почекаме презентацијата од компанијата.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Мени
Заедница
Изглед