Ова е година на Windows, вели Стив Балмер на претставувањето на Nokia Lumia 920

во Софтвер

На преставувањето на Lumia 920, Стив Балмер ја најави 2013 како година на Windows.  Уште еднаш и со полно право од Microsoft, го потенцираше стандардизирањето на еден оперативен систем низ цели серии уреди. Овој пат, со покана до девелоперите да изработуваат апликации кои ќе бидат нудени на сите уреди кои ќе работат со Windows 8.

„Немојте да погрешите, ова е година на Windows. Windows телефони, таблет  комјутери и Windows PC. Оваа е година за Windows. Повторно го измисливме Windows од темелите… Сите уреди ќе бидат убави и функционални.“ , вели Стив Балмер.

Покрај ова, г. Балмер за прв пат обелодени бројка на корисници која ја очекуваат во Microsoft на сите платформи. За една година бројот на корисници на Windows 8 уреди според Microsoft ќе надмине 400 милиони корисници. Г. Балмер е убеден дека следниот голем девелопер на апликации ќе биде токму за нивната платформа.

Забележителен е и респектот кој во Microsoft го имаат за партнерот за телефони Nokia, иако речиси сите поголеми компании најавија свој Windows 8 телефон. Барем засега Nokia е единствен производител кој е 100 проценти зад Windows паметните телефони, а мора да се признае дека моментално се во прилично лоша состојба, па можеби таму најмногу се надеваат дека предвидувањата на г.Балмер ќе се покажат точни.

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk