Во сред крипто криза, Ел Салвадор докупи уште 500 биткоини

во Вести

Ова е лоша недела, всушност една од најлошите било кога за крипто-ентузијастите и инвеститорите на тоа поле. Цената на Bitcoin падна на најниско ниво во 2022 година. Вредноста на биткоин денес падна околу 25 000 долари, а во моментот на објава на овој текст држи околу 28 000. Падот на биткоин е истовремен со падот на акциите на сите светски берзи. На почетокот на неделата индексот на јапонската берза Nikkei падна 2,5%; во Лондон FTSE 100 падна над 2%; во САД DOW падна речиси 2%, S&P 500 3,2%, a Nasdaq 4,3%.

Bitcoin

Bitcoin

$29,347.51

BTC 0.82%

Ethereum

Ethereum

$1,974.15

ETH 0.79%

Биткоин на кој отпаѓа околу една третина од пазарот на криптовалути заврши на 570 милијарди долари или пад од 10%, и над 20% во однос на минатата недела. Пад од 20% има и втората најголема крипто-валута – Ethereum.

Падот на криптовалутите не го одврати Ел Салвадор

Ел Салвадор, земјата која се залага за користење на крипто и за која пишувавме подетално тука, го искористи падот на вредноста на крипто валутите за да го зголеми својата биткоин сметка. Оваа држава потроши 15,5 милиони долари за да купи уште 500 биткоини во државните крипто-резерви.

Новата инвестиција на ЕЛ Салвадор во крипто-валути на е изненадување. Оваа мала централно-американска држава е веројатно најголем поборник на криптовалутите. Биткоин веќе 8 месеци е официјално платежно средство во Ел Салвадор. Купувачите можат да користат криптовалути за да плаќаат и да купуваат, иако се чини дека апликацијата и натаму има проблеми кога се користи за плаќање. Најголем дел од поплаките се со проблеми при плаќањето и често се потребни повеќе обиди за да се заврши една трансакција. Секако сè уште е рана фаза, па ќе има доволно време за да се поправаат овие рани проблеми.

Со новите 500 биткоини Ел Салвадор сега поседува 2301 биткоини што соодветствува на околу 69,44 милиони долари. Интересно од времето кога ги купија криптовалутите до денес вредноста на крипто резервите во Ел Салвадор паднала за 2,3 милиони долари.

Ел Салвадор е одлично место за примена на криптовалутите. Држава има годишен прилив од странство од над 6 милијарди долари. Благодарение на прифаќање на криптовалутите трошоците за трансакции се намалени за 400 милиони долари годишно. За плаќање во Ел Салвадор се користи дигитален паричник „Chivo“. Паричниот работи исклучиво во Ел Салвадор, а корисниците кои не поседуваат криптовалути може да го наполнат паричникот на некој од банкоматите. За трансакции се поставени над 200 банкомати и уште 50 дополнителни локации на кои луѓето може да ги разменат средствата кои ги поседуваат од криптовалути во долари.

За жал паричникот е можеби и најголемиот проблем кој ги одвраќа корисниците. Апликацијата не работи како што треба; исплатите доцнат, а за плаќање се потребни неколку обиди. Поради ова едвај 20% од жителите на Ел Салвадор го користат „Chivo“. Дел од луѓето кои сè уште го користат, го употребуваат единствено како банкарска сметка на која чуваат долари, вели Fortune. Најголем дел од жителите плаќаат во кеш.

До септември 2021 официјална платежна валута на Ел Салвадор беше американскиот долар (UISD),  а од септември го додадоа и биткоин. Неофицијално криптовалутите за плаќање ги тестираат од 2019 година. Сè започна со анонимна донација вредна над 100 000 долари во криптовалути на невладина организација во Ел Зонте. Ел Зонте е мало рибарско село во кое рибарската индустрија е единствена можност за работа на жителите. Оригинално донацијата била наменета за социјалните програми, но невладината организација започнала да ги убедуваат луѓето и бизнисите да користат криптовалути.

Жителите на Ел Зонте се просечни жители на Ел Салвадор. Како и најголем број жители на Ел Салвадор немале банкарски сметки, но започнале да  штедат во криптовалути. Растот на криптовалутите придонесе и за пораст на заработката. Ел Зонте го носи името „Bitcoin Beach“, а туристи и биткоин ентузијасти доаѓаат во посета; дел поради љубопитство, а дел сакаат да отворат сопствени бизниси.

Во моментов Ел Салвадор е и локација на која се гради првиот биткоин град. Државата издаде „volcano“-обврзници кои се своевидна инвестиција за изградбата. Градот ќе биде лоциран вдолж заливот Фонсека во близина на вулканска зона. Геотермалната енергија на вулканите ќе биде користена за креирање на електрани. Електричната енергија произведена од овие гео-термални извори ќе биде користена за копање криптовалути, но и за напојување на градот.

За градењето Ел Салвадор издаде обврзници со вредност од 1 милијарда долари во биткоин. За интересот засега нема потврдени вести. Официјалните извори од државата велат дека има барања за обврзници со вредност од 1,5 милијарди долари, но Bloomberg тврди дека обврзницата доживеала дебакл.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments