Не поминаа ниту 24 часа од кога последен пат пишавме за филтрите на Twitter, а истите веќе се достапни во официјалните апликации за Android и iOS паметните телефони. Twitter објави дека оваа функција е овозможена од Aviary, компанија која стои позади најпознатиот SDK (Softver Development Kit) за уредување на фотографии.
На располагање се осум филтри, од црно-бело до ефект на стара фотографија. Исто така, на еден екран можете да видите како би изгледала сликата со било кој од ефектите и да го изберете тој што најмногу ви се допаѓа. Покрај тоа, достапни се опции за кратење и зумирање на фотографијата, како и балансирање на светлото и боите.
Промените се вметнати во новата верзија и Twitter апликацијата можете слободно да ја преземете од Google Play и iOS, или директно да направите надградба.
[youtube]2giNzaZunqE[/youtube]







