0 коментари 4 мин. читање 22 декември, 2022

Глорификацијата на Џорџ Хоц сепак претерана: хакерот се откажа од Twitter

Речиси еден месец откако започна со „праксата“ во Twitter, хакерот Џорџ Хоц, крена раце и ја напушти компанијата. Првично во Twitter требаше да остане 12 недели, а во овој период ветуваше дека значајно ќе го подобри пребарувањето на друштвената мрежа сега во сопствеништво на Елон Маск. Според најавата, тој требаше да овозможи олеснување на пронаоѓање на напредните модификатори во пребарувањето и да го направи истото помалку зависно од пишувањето на точниот текст кој сакаме да го пронајдеме.

https://twitter.com/realGeorgeHotz/status/1605341207109939201

„Денес си поднесов оставка во Twitter.

Благодарам за шансата, но не сметам дека ќе имаше некакво влијание она што можам да направам. Освен тоа, беше тажно да се види како венее мојот GitHub. Назад на програмирање!“, вели Хоц во кратка порака на микроблогот.

Пред ова Хоц креираше Twitter анкета во која побара мислење дали да остане во Twitter или да си замине. Слична анкета објави и Елон Маск, кој побара мислење за дали да остане CEO на Twitter, на што 57.5% од корисниците побараа тој да се тргне од функцијата. Во анкетата гласаа повеќе од 17.5 милиони Twitter корисници.

Кај Хоц, за разлика од кај Елон Маск, резултатите од анкетата беа во корист на останувањето. Сепак, на крај не ги испочитува резултатите одлучи да ја напушти позицијата. Според она што го пишува на микро-блогот во периодот од неколку недели работел на унапредување и развој на алaтките на Twitter. Џорџ Хоц му се приклучи на Twitter минатиот месец. Се инспирираше од имејлот кој Елон Маск го испрати до вработените во коj побара од нив да бидат подготвени да работат подолго од 8 часа дневно. Хоц го прифати предизвикот и ги понуди своите услуги со пораката:

https://twitter.com/realGeorgeHotz/status/1592955427179765760

„Да не зборувам напразно. Подготвен сум за 12 неделна пракса во Twitter во замена за парична надокнада во висина на цената на живеење во Сан Франциско“.

Маск ја прифати понудата и Хоц започна со работа.

Сепак се чини иако започнаа добро, Маск и Хоц се разидоа со мислењата. Последната недела Хоц имаше неколку објави кои навестуваа дека не се согласува со дел од одлуките на сопственикот. Несогласувањата со одлуките на Маск како на пример забраната за линкови на Twitter се прелеаја и на микроблогот.

„Линкот за моето био е линк до Instagram уште од креирањето на мојот профил… Слободно банирај ме“.

По објавата на Елон Маск кој од Twitter заедницата побара мислење за тоа дали да остане директор на компанијата, истото, иако се чини како сатира го направи и Хоц . За разлика од Маск кај кој 57,5% од испитаниците му порачаа да си „оди“, Хоц доби поддршка. Сепак, на крај не беше подготвен да остане.

На прашање дали би ја прифатил позицијата на директор во Twitter која сега ја има Елон Маск, Хоц одговори „Никако!“ (Hell No!). Додавајќи дека не постои легален начин да биде убеден некогаш да ја прифати таа позиција.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top