Протекоа 2,8 милијарди Twitter ID-а

Во истата недела кога Елон Маск објави дека xAI е нов сопственик на X, нови 200 милиони корисници може да си ги видат своите јавно достапни податоци на интернет. Со овие податоци јавно достапни се 2,8 милијарди Twitter ID, што е своевиден неславен рекорд вели онлајн корисникот The Thinking One, кој ги сподели овие податоци.

Податоците се објавени на онлајн форум за протечени податоци. Според засега непотврдените информации, ова го прави Twitter рекордер според бројот на протечени записи.

Безбедносен пропуст од 2022 година

Почетокот на оваа приказна започнува во 2022 година. Тогаш, по распишан „bug bounty“ бил откриен пропуст кој овозможувал пристап до податоци на корисниците со познат телефонски број или имејл адреса. Истата година микро-блогот дозна дека е доцнат со закрпата. Во јули беше објавено дека некој го искористил пропустот и преземал голем дел од податоците на корисниците. Овие податоци биле понудени на продажба, а веста ја потврди и Twitter. Новите податоци од 200 милиони корисници не се дел од тие податоци.

Протекувањето од 2022 година беше заборавено се до почетокот на оваа година. Во јануари 2025 година податоците повторно беа објавени. Овој пат се во раце на ентузијаст за податоци. Тој објавил дека ќе ги достави податоците откако не успеале да најдат некој заинтересиран во X.

Ако се комбинираат податоците од двете протекувања се добива csv фајл со големина од 34 GB. Дел од податоците кои се објавени се корисничкото име, ID, име и презиме, локација, имејл адреса, број на следачи, податоци за профилот, временска зона, профилни слики и уште многу други.

„Ова е убедливо најголемо протекување, во смисла на број на зафатени корисници, а постои барем веројатност дека човекот кој е одговорен за протекувањето има и други податоци, вклучувајќи имејл адреси, телефонски броеви и лозинки.“ вели ThinkingOne во интервју за Forbes.

ThinkingOne и самиот ја проверил веродостојноста на овие податоци и од 100 проверени записи 92 се со точен ID и screenname.

„Како некој може да ги нумерира сите ID-а на Twitter корисниците, освен ако не е вработен или ако не е сериозен хакерски напад.“, додава ThinkingOne.

Податоци од пропустот се појавуваат од 2022 година

Во јануари 2023 година, Х (поранешен Twitter) објави дека по темелната истрага, не нашле докази дека податоците се добиени преку искористување на нивните системи. Сепак, тие потврдија дека во јануари 2022 година, поради грешка во кодирањето, системите на Х можеле да откријат кои сметки се поврзани со внесен имејл или телефонски број.

Х одговори на повеќето последователни извештаи за протекување на податоци, вклучувајќи и тврдења за 400 милиони и 200 милиони записи, наведувајќи дека овие податоци не можат да се поврзат со претходни инциденти или со искористување на нивните системи. Тие нагласија дека ниту еден од анализираните податоци не содржи лозинки или информации кои би можеле да доведат до пробивање на лозинките.

X во раце на xAI

На 29 март, Илон Маск објави дека xAI го купил микро-блогот X (поранешен Твитер). Ова го поставува X, платформа која Маск ја купи во 2022 година, под xAI. Компанијата за вештачка интелигенција е основана во 2023 година за да се натпреварува со OpenAI. Зделката вклучува размена на акции за нова холдинг компанија, xAI Holdings Corp., со цел да се олесни собирањето на средства. Според Маск, X има над 600 милиони активни корисници. Стартапот xAI веќе привлече повеќе истражувачи на вештачка интелигенција и собра значителни средства. Тука е вклученаи рунда на финансирање од 6 милијарди долари. Неговата вредност се проценува на 80 милијарди долари.

„Иднината на xAI и X е преплетена. Денес официјално преземаме чекор со кој ќе се комбинираат податоците, моделите, пресметките, дистрибуцијата и талентот.“, напиша Маск во објава на X.

Една од главните предности на xAI сега ќе биде неговиот пристап до огромната база на податоци на X. Ова е клучно за обука на вештачка интелигенција. Со помош на ова спојување Маск можеби ќе успее дополнително да заработи од Twitter. Досега беше обвинуван дека со купувањето на микро-блогот си купил политичка моќ.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments