IBM ќе ја искористи светлината за пренос на големи податоци

во Хардвер

IBM изработи чип со кој ќе биде многу полесно да се испраќаат податоци, будејќи чипот емитира светлина наместо досегашната пракса на примена на електрични сигнали, јавува BBC.

Новиот чип ќе овозможи за прв пат податоците помеѓу процесорите во серверите да се разменуваат директно по пат на светлосни сигнали. Ова ќе овозможи побрз пренос на овие податоци, а со самото тоа ќе ја зголеми и процесирачката моќ.

Иако веќе е пракса во сервер-центрите податоците да се разменуваат со оптичка врска, сега конверзијата се врши директно, односно на истата силициумска плочка една до друга се електричниот и оптичкиот дел. Ова ќе ја искучи употребата на специјална опрема која ги претвара електричните сигнали во светлосни. Дополнителна предност е и информацијата од IBM дека ваквите чипови можат евтино и масовно да се произведуваат.

Според истражувачите кои работеле на проектот ваквиот чип има две предности: податоците може да бидат испраќани на поголеми растојанија помеѓу различни делови на серверскиот центар без губење на податоците и протокот на информации е поголем бидеќи светлината може да се користи за пренос на повеќе податоци.

За BBC еден од „татковците“ на овој чип, др. Саломон Асефа, вели дека податоците треба да се распределат во огромните податочни центри. Прашање е како да ги поврзете чиповите заедно и тоа да биде брзо. Пред се бидејќи сакате податоците брзо да се разменуваат.

„Со постоечката технологија и се поголемиот број на податоци кои се разменуваат во мрежите ова станува речиси невозможно. Со новата технологија можете да пребарувате брзо, но технологијата е и економски оправдана.“, вели IBM.

IBM најави дека во новите чипови се сместени повеќе канали, секој од овие канали може да препраќа светлосни податоци со брзина од 25Gbps. Со комбинирање на каналите трансферот на податоци може да се забрза и повеќе од 100 пати.

 Примената на новите чипови ќе овозможи да се елеминира ефектот на „тесно грло“, во случаи кога се префрлаат многу податоци по каналите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments