Написи тагирани со Windows

153 написи
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Софтвер

Каква цена треба да има софтверот во Македонија?

Во Македонија софтверот е скап и поради тоа се пиратира. Пример, 110 евра за Windows Home edition, исто околу 7.000 денари за Office. Toa за некого е вредност на една плата, пари потребни за месечни студии... а треба и пари за друго парче сотфер, нели?

4 коментари Прочитај 1 ноември, 2010
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција Совети

FluffyApp споделува и закачува фајлови, URL и слики со повлечи-и-спушти

FluffyApp (Windows верзија на CloudApp за Mac) е апликација со која можете да закачувате слики, URL, фајлови на Интернет, во облакот. При инсталирање FluffyApp се појавува мало облаче во system tray (кај часовникот, долу десно) во кое можете да додавате нешта само со повлечи-и-спушти. Интересно е што можете едноставно да грабнете URL или слика и да ги вметнете во облачето и тие ќе бидат закачени во вашиот „онлајн фолдер“.

3 коментари Прочитај 19 октомври, 2010
Редакција
0
stole Совети

Менаџирајте фајлови со FilerFrog за Windows

FilerFrog е апликација за Windows со која само со десен клик ќе можете да менаџирате фајлови, пример, да го менувате името, да го енкриптирате, да екстрактирате фајлови, да се промени големината на слика, правање .pdf албуми ... и број други мали и корисни функции.

0 коментари Прочитај 2 септември, 2010
Редакција
0
Ѓоко Крстиќ Хак-атак/Приватност

Нов безбедносен хаос во Windows светот – DLL Hijacking

Токму така :) Х.Д.Мур (Metasploit Project) по изјавувањето дека пронашол 40-тина ранливости во Microsoft производите, на 22-ри август го објави и приборот за ревизија на DLL библиотеките и нивно “киднапирање” или hijacking. Се работи за DLLHijackAuditKit v2 со кој извршувате проверка за сите екстензии регистрирани во вашиот систем и нивни соодветни библиотеки, како и нивна експлоатација. Приборот се користи едноставно, ревизијата трае од 15-30 минути и потоа се креираат експлоатациски кодови во фолдер Exploits кои можете да ги користите за било какви цели :)

5 коментари Прочитај 26 август, 2010
Редакција
0
Виктор Дано Веб Софтвер

Во исчекување на деветката, се слави 15-тиот роденден на IЕ

Првата верзија на Internet Explorer дебитираше на 16 август, далечната 1995 и по кратко време го грабна поголемиот дел од пазарот на прелистувачи кој го има и ден денес. Internet Explorer е најкористениот прелистувач во светот со над 56 отсто. Но, како што може да се види од табелата на StatCounter, во последниве две години IE добива се поголема конкуренција во Firefox, Chrome, Opera и Safari.

0 коментари Прочитај 16 август, 2010
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција Општо Совети

MetroTwit, Windows клиент за твитање

Да твитате преку Twitter страната е „soooo 07s“ :). Покрај тоа има и лоша функционалност. Но затоа постојат голем број клиенти како TWitDeck, Seismic и разни Chrome и Firefox додатоци кои го олеснуваат и организираат твитањето.

1 коментар Прочитај 2 јуни, 2010
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Google се откажува од Windows поради безбедносни причини

Google им забрани на своите вработени да користат Windows. Гигантот е загрижен за безбедноста, после инцидентите со кинеските хакери, по што го забрани популарниот оперативен систем предлагајќи им алтернатива на новите вработени - или Mac OS или Linux, пренесува Financial Times.

0 коментари Прочитај 1 јуни, 2010
Редакција
0
Avatar photo Дамјан Дано Веб ИТ.МК

ИТ.мк: Користеност на мобилни платформи

Ако пред само година-две беше реткост да се забележат паметни телефони (smartphones) кај македонските корисници и се чувствуваше степен на ексклузивност кога некој имаше iPhone или последен модел на Nokia или BlackBerry, денеска сликата на македонскиот пазар е сосема различна. Благодарение на достапноста на уредите и се по-„смарт“ корисници, овој вид на телефони се во многу џебови и очигледно според сите очекувања и самата побарувачка бројката само ќе расне и понатаму со забрзано темпо.

37 коментари Прочитај 8 април, 2010
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција Совети

Пробивање лозинка на Windows администратор

Кога го стартувате Windows, оперативниот систем кој се користи од неколкумина корисници потребна ви е лозинка за да влезете во Windows-от. Влатко Дојчиноски, или FuUuUzZzZy, како што е познат на форумот, склопи одличен туторијал како да се пробиjaт тие лозинки вклучувајќи го и административниот профил т.е. профилот со кој може да се променува оперативниот систем, пример: да се инсталираат едни програми, а да се бришат други.

0 коментари Прочитај 17 февруари, 2010
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција Хак-атак/Приватност

Conficker се врати, но…

Вирусот кој за еден месец зарази околу 10.000 компјутери не се појави на 1 Април како што очекуваа безбедносните експерти кои претходно открија код дека на тој датум вирусот ќе се надогради сам и повторно ќе нападне. Измина 1 Април и Conficker не се појави. Сé до овој викенд кога вирусот зарази 700 компјутери на кампусот на Универзитетот на Јута, САД вклучувајќи ги и тие на трите универзитетски болници.

0 коментари Прочитај 12 април, 2009
Редакција
0
Ѓоко Крстиќ Блог

Експлоатација на VUPlayer 2.49 + Демонстрација

Во овој текст ќе зборувам за ранливост кај софтверот за слушање на музика, VUPlayer, верзија 2.49 за Microsoft Windows оперативниот систем. Исто така во прилог е и едно видео (демонстрација) како таа слабост се искористува со превземање целосна контрола врз апликацијата и извршување на експлоатациски код со што ја контролираме следната инструкција на покренатата апликација, стартувајќи ја алатката calc.exe која се наоѓа во самиот оперативен систем.

0 коментари Прочитај 1 септември, 2008
Редакција
0
Ѓоко Крстиќ Совети

Користење на командата „syskey" во Windows

Security Accounts Manager или SAM фајлот во Microsoft Windows 2000/XP/2003 служи за складирање на кориснички лозинки во заштитена база на податоци. Клучот кој се користи за енкрипција на лозинките е случајно произведен од страна на Syskey услугата. Значи syskey услугата се користи за енкрипција на SAM фајлот.

0 коментари Прочитај 24 март, 2008
Мени
Заедница
To top
{title}