Таков клиент е и MetroTwit но е наменет исклучиво за Windows.
Клиентот изгледа едноставно и е лесен за користење, единствениот проблем е што може да се користи само еден Twitter профил. При стартувањето на клиентот, се логирате на Twitter за дозвола за користење на апликацијата и добивате Пин број го го внесувате во MetroTwit и спремни сте да твитате. Клинтот се појавува и во тулбарот на Windows давајќи ви информација за број на нови твитови како и нотификации. Можат да се намести и звук при појавување на твитови од ваши пријатели и слично.
Kлиентот има и опции да го автоматски комплетира # тагот или @ oдговорот, што е доста корисно кога некој твитерџија има чудно име за куцање. Тоа што исто така фали е опција за бришење на твитови, како и линк до претходниот твит на кој е одговорено со цел да се види дискусијата. Нема ни автоматски скратување на линкови. Но, MetroTwit е во бета па може да се очекуваат нови опции и подобрувања.
Една напомена само… клиентов бара да инсталирате .NET Framework 4.0 и потоа ќе треба да рестартирате, па дури по рестартирањето ќе продолжи инсталацијата на MetroTwit.