0 коментари 2 мин. читање 1 јуни, 2010

Google се откажува од Windows поради безбедносни причини

„Mногу луѓе се откажаа од Windows, главно одбирајќи Mac OS, поради хакерските напади од Кина.“ вели вработен во Google. Друг вработен се одлучил за Linux објаснувајќи дека „Linux е слободен софтвер и нам ни се допаѓа тоа.“

Откажувањето од Windows е полу-формална полиса во Google. Вработените можат да го користат Windows, но потребна е дозвола од шефовите, велат вработените.

Windows често е споменуван како небезбеден оперативен систем. Дел се технички пропусти, а дел се должи што овој ОС е и најпопуларен во светот, користен од над 85% од корисниците па реално е да биде хакерска мета за изнаоѓање грешки.

Што се однесува до Google-овата параноја, таа се појавува по „софистицираните“ упади на кинеските хакери во Google системот, упади кои резултираа во стегнати односи меѓу интернет прабарувачот и Кина. Од нападите се откри дека се пробивани Gmail профили на новинари и политичари, пример Далај Лама. Google изреволтиран престана да ги цензурира резултатите, додека пак кинеските власти одговорија или ќе се работи според нашите правила или не да се работи воопшто.

Дел од вработените, пак, велат и дека наскоро сите ќе го користат и Chrome ОС со цел да се тестираат Google-ови продукти.

„Пред безбедноста, имаше директива да се испробуваат работи на Google продукти. Ова се очекуваше долго време.“

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top