1 коментар 1 мин. читање

Македонски средношколци се вратија со медали од IOI 2014

Бојан Серафимов, Климент Серафимов, Васил Кузевски и Филип Беџовски се враќаат од Тајпеј, Тајван, со еден сребрен и два бронзени медали на 26-тата Интернационална олимпијада по информатика. Според Здружението на информатичарите на Македонија, ова е најголемиот успех на македонски програмери на интернационалните натпреварување по информатика.

Македонскиот тим беше предводен од двајца ветерани од ФИНКИ, Миле Јованов и Емил Станков, кои велат, за Мендо.мк, дека за ваков резултат е потребно да се има талент, но и желба, мотивација и упорност да се жртвува слободното време за континуирање усовршување во алгоритамското програмирање.

„Нашите ученици преку постигнатите резултати повеќе пати до сега докажаа дека поседуваат голем талент, како и исклучителна мотивираност и упорност, но на IOI 2014 допреа речиси до самиот светски информатички врв за својата возраст“, вели Емил Станков, асистент на ФИНКИ.

Според Миле Јованов, претседател на Здружението на информатичари и лидер на тимот, ваквите резултати на тројцата матуранти од тимот им го отворија патот да студираат во САД и Обединетото кралство на едни од најпрестижните светски универзитети.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top