Што е cloud computing?
Во последно време се почесто го слушаме изразот cloud computing, најчесто поврзан со технологии на иднината. Но, што всушност е cloud computing?
Во последно време се почесто го слушаме изразот cloud computing, најчесто поврзан со технологии на иднината. Но, што всушност е cloud computing?
Soluto е софтвер кој ги пронаоѓа и решава грешките кои го успоруваат компутерот, користејќи ја својата PC Genome база на податоци за софтверите генерирана од други корисници.
Аpple го стартуваше Mac App Store со над 1.000 бесплатни и платени апликации наменети за Mac десктоп компјутеритите. Налик на продавницата со мобилни апликации за iPhone/iPad, Mac корисниците го користат iTunes за разгледување, симнување, апдејтирање и купување разновиден десктоп софтвер.
Македонската .НЕТ заедница на програмери, МКDot.NET, ја организира втората Code Camp конференцијата. На конференцијата, која ќе се одржи на 6-ти ноември, сабота, во просториите на ФОН Универзитетот, ќе зборуваат 10 домашни и странски предавачи за актуелни теми од областа на софтверското инженерство. Предавањата паралелно ќе се изведуваат во две сали со почеток од 8:30 часот.
Oracle ја купи софтверската компанија за е-бизнис ATG за 1 милијарда долари. „Комбинацијата [ATG и Oracle] ќе ја подобри можноста да ја споиме целата активност околу трговијата - креирајќи попостојан и порелевантно искуство за нивните клиенти преку сите канали за интеракција, вклучувајќи онлајн, во продавници, преку мобилни уреди и преку центри за повици.“ вели Боб Бурк, директорот на ATG.
Како кај фамилијарните дрва, така постои и софтверскиот прототип кој понатаму се разгранува на различни верзии и дистрибуции. Ова посебно изгледа интересно кај софтверот со отворен код бидејќи е достапен за секој да си креира своја верзија.
Во Македонија софтверот е скап и поради тоа се пиратира. Пример, 110 евра за Windows Home edition, исто околу 7.000 денари за Office. Toa за некого е вредност на една плата, пари потребни за месечни студии... а треба и пари за друго парче сотфер, нели?
Компанијата Meshin деновиве претстави нова алатка за пребарување, дизајнирана за повеќе да наликува на персонален асистент отколку на стандарден plug-in. Новата алатка, која го носи истото име, Meshin, користи семантички технологии со цел да собере информации преку нивното значење и контекстот во кој се наоѓаат, наместо стандардниот пристап на користење клучни зборови и метаподатоци. Со тоа, Meshin станува прва „комерцијална“ алатка која ги користи семантичките технологии за пребарување низ електронската пошта, RSS каналите и информациите од социјалните мрежи во електронските пораки.
Сервисот за брзо инсталирање на пакет софтвер Ninite објави и Linux верзија. Ninite работи така што наместо да инсталирате поединечни програми, ги селектирате тие што ви се потребни од листата и Ninete ви праќа .deb фајл кој го симнува сиот означен софтвер и го инсталира истовремено.
AlternativeTo е интересен сајт на кој ќе најдете најразновиден софтвер за неколку десктоп и мобилни оперативни системи. Но, за разлика од слични такви сајтови, AlternativeTo освен листи на софтвер нуди и алтернативи на истиот софтвер.
Techcrunch објави дека друштвената мрежа прави свој софтвер за мобилни телефони. ИТ блогот се повикува на анонимни извори велејќи дека мрежата ќе го следи примерот на Apple, односно ќе направи свој софтвер, а некоја друг производител ќе го направи хардверскиот дел од телефонот.
Заврши првата фаза од Vip Android предизвикот на кој се пријавија 212 апликации. Се чини добрата награда беше мотивација за македонските програмери да креираат локални апликации. Освен најдобрите програмери и апликации, тие што ќе добијат највеќе се македонските корисници на Android платформата кои ќе можат да избираат од стотината апликации на македонски јазик.
По безбедносните проблеми со Flash, Adobe ја објави 10.1 верзијата како и AIR 2 достапни за Windows, Mac и Linux.
Вируси и друг малициозен софтвер има насекаде на интернет, па големи се шансите да закачите нешто што може да ви го поремети компјутерот.
Дали користите локализиран софтвер на македонски. Доколку не го користите, а постои локализирана верзија, зошто? праша HijackHacker на форумот.
Нa YouTube се појави видео во кое програмер по име Владмир, според YouTube профилот, креира апликација со проширена реалност без да користи програмски јазик и го прави тоа за само 5 минути.
Додека продолжуваат расправите HTML5 vs Flash, Adobe објави мобилна верзија за својот популарен софтвер за мултимедија. Овој софтвер кој според Adobe го користат 75% од веб сајтовите, досега имаше само Lite, лесна верзија за мобилните телефони бидејќи на Flash му треба повеќе ресурси и ја троши батеријата.
Vip Android предизвикот е натпревар за креирање Android апликации. Сите девелопери од Македонија се поканети да учествуваат во натпреварот, а најдобрата апликација ќе добие 500.000 денари и HTC Desire мобилен телефон. Второто место ќе добие 150.000 денари и HTC Legend, а сите одобрени апликации од Android Store ќе добијат HTC Tattoo.
Adobe стартуваше кампања „за избор“ објавувајќи реклами „Го сакаме Apple“ со дополнителен текст „Но не сакаме кога некој ја зама вашата слобода да одберете што креирате, како го креирате и како го доживувате тоа на мрежата“.
Сликата погоре јасно покажува World of Warcraft на iPad. Но таблет PC-то го нема потребниот хардвер да ја стартува видео играта?!