„Најлошата песна во светот“ e гледана над 34 милиони пати на YouTube
Песната која ја пее Ребека Блек во која нема ништо освен „петок, петок, забава, забава, забава, петок“ стана невиден вирален хит откако се појави на Youtube, секако за погрешната причина. Откако Ark Music Factory кои биле најмени од родителите на Ребека да и направат песна на нивната ќерќичка ја ставија песната на Youtube, низ мрежата без престан се шират негативните критики и зборовите „најлошата песна некогаш направена“. Како и да е, гледаноста на Youtube постојано расте.